Насловна / Архитектура / Јавен повик за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2018

Јавен повик за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2018

Асоцијација на архитекти на Македонија – ААМ објави Јавен повик за предлагање на можни добитници на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2018 г.
Согласно чл. 37 и чл: 41 од Статутот на ААМ и согласно Правилникот за доделување на наградата “Андреја Дамјанов“, која се доделува на државјанин на Р Македонија, како признание за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството.
Право на поднесување на предлог за можни добитници на наградата “Андреја Дамјанов“ имаат членовите на ААМ.
Предлогот треба да содржи куса биографија на кандидатот, детална професионална биографија со листа на референци со сите дела од областа на архитектурата и градителството со кои што кандидатот придонел за вкупниот развој на струката. Во листата на референци се наведуваат особените остварувања: изведени објекти, архитектонски проекти, урбанистички планови, изложби, студии, научни трудови, публикации, книги, награди и признанија.

4H5A0128
Рокот за поднесување на предлозите е 30 дена од распишување на повикот. Конкурсот трае до 30.11.2018 год.
Пристигнатите предлози, според чл: 7 од Правилникот за доделување на наградата “Андреја Дамјанов“, ќе бидат разгледани од петчлена комисија избрана од Управниот Одбор на ААМ. Еден член на комисијата е од редот на добитниците на наградата “Андреја Дамјанов“.
Добитникот на наградата “Андреја Дамјанов“ станува член на Архитектонската Академија на ААМ.
Предлозите да се достават во канцеларијата на ААМ
ул.:“Даме Груев“ 14а – Скопје.
Сите заинтересирани информации можат да добијат на:
02/3237 277; 076 350 336; e-mail: kontakt.aam@gmail.com; www.aam.org.mk

LOGO_1

Испрати коментар

Scroll To Top