Насловна / Архитектура / Оваа вила во Шпанија изгледа нестварно убава

Оваа вила во Шпанија изгледа нестварно убава

Casa en el lago е еден од последните проекти на шпанското студио Fran Silvestre Arquitectos, кој го привлече вниманието на архитектонската меѓународна јавност. Ова студио од порано е познато по своите луксузни и минималистички објекти, и токму таков е и најновиот. Вилата е сместена на терен за голф, а се наоѓа во областа Caldes de Malavella.шпанија (5)

Основната идеја на архитектите која се провлекувала нон стоп за време на проектирањето била да му овозможи на објектот да има најдобар поглед на околниот пејзаж. Поради оваа причина, е и изграден на два ката (од горниот може да се види езерото), а долниот дел е наменет за релаксација и дружења, додека на горниот кат се наоѓаат спалните соби.шпанија (4)

И додека во надворешниот дел се е во знакот на белата боја, во уредувањето на ентериерот покрај белата подеднакво се употребени и земјаните нијанси, како и комбинацијата црно-бело. Се разбира, минимализмот како крајна цел. Таквата вила не би била комплетна без раскошна градина и базен, а и тие се дизајнирани така што не им пречат на околниот пејзаж.шпанија (3) шпанија (2) шпанија (1)

Испрати коментар

Scroll To Top