Насловна / Архитектура / Скандали и контроверзии кои ја одбележаа светската архитектура во 2018 година

Скандали и контроверзии кои ја одбележаа светската архитектура во 2018 година

Годината што измина беше можеби и премногу возбудлива. Разноразни драми, полемики и скандали ја тресеа светската политичка сцена, а имуна на вакви контроверзии не остана ни архитектурата.

Магазинот ArchPaper направи листа од десетина немили настани кои ја разбранија американската архитектонска сцена во изминатата година.

Ричард Мајер обвинет за сексуално вознемирување

Пет жени имаа дадено изјава дека доживеале одреден вид на сексуално вознемирување од страна на реномираниот американски архитект Ричард Мајер. Во студиото на Мајер, па и пошироко, било добро познато дека овој архитектонски маг е склон кон флертување и жените обично се предупредувале една со друга за неговото непримерно однесување.

metoo-782x521

Архитектонска листа на која не сакате да се најдете

Непосредно по веста која одекна за Мајер на интернет почна да се врти Google документ отворен за уредување насловен како The shitty Architecture Men List.

Бидејќи секој што имал сметка на Google можел да ја уреди листата на неа со брзина на светлината се нашле околу 70 мажи од архитектонската професија кои на работа се однесувале несоодветно, а ги имало и оние кои направиле сериозни физички престапи врз колешките. Околку ова се дигна голема прашина и Google го суспендирал документот.

Азбестот се врати на сцена

Немилата вест е стигната од американската Агенција за заштита на животната средина која објави дека азбестот како материјал кој е многу штетен и е тргнат од листата на дозволени материјали во градежништвото, се враќа на мала врата. Иако е одличен за изолација, вдишувањето на честичките од азбест може да доведе до големи последици по здравјето на луѓето. Останува да се види дали Агенцијата ќе успее да ја убеди американската власт повторно да се забрани азбестот.

stetni-materijali-782x521

Кани Вест сега се меша и во архитектурата

На почетокот на годината, познатиот музичар ги изненади своите другари со веста дека планира да отвори архитектонско студио во својата модна куќа Yeezy. Колку е амбициозен и инвестиран во оваа идеја се уште не е познато, но веруваме дека, кога неговото студио ќе ја измеша својата прва зграда, тоа ќе се следи многу помпезно.

Борба околу наследството на Заха Хадид

Пред неколку недели Партик Шумахер, директор на ZHA поднесе официјално барање во кое се наведува дека он би требало да остане единствен кој ќе управува со имотот на Заха Хадид. Со оваа постапка Шумахер би ги оштетил останатите три наследника на имотот на Хадид меѓу кои е и нејзината ќерка.

Zaostavstina-Zahe-Hadid-naslovna-782x389

Фостеровото Лале е невкусен кич

Неодамна е објавено дека Лондон би требало да добие нова јавна културна атракција во вид на 305 метри висока зграда Лале. Новиот спектакуларен објект би требало да биде изграден во непосредна близина на зградата The Cherkin, позната зграда во облик на краставица која исто така е дело на фирмата Foster+Partners. Меѓутоа поради тоа што зградата првенствено е замислена да биде образовен центар, она со формата многу би се одвојувала од околината и затоа струката не може да се одлучи дали треба или не треба да се гради овој објект.

Tulip-naslovna-782x380

Фостеровата кула во Будимпешта ќе се гради и покрај прописите

Иако во унгарската престолнина е донесен закон со кој се забранува да се градат објекти повисоки од 90 метри, ова правило не важи за Фостеровата зграда. Објектот се сосотои од седумкатна основа опкружена со шеталише и парк, а од неа се издигнува кила висока 28 ката. Новата највисока зграда во Будимпешта е осмислена како одржлив објект правен по принципот зелена градба, а на врвот на кулата планирана е зелена градина постапна за јавноста. Со 120 метри висина MOL кампусот ќе ја надрасне познатата купола на зградата на унгарскиот парламент, како и врвот на катедралата Свети Стефан.

mol-kampus-budimpesta-horizont

Кинезите го отворија најдолгиот мост на светот

Најдолгиот светски мост преку море ги поврзува Хонг Конг, Макао и континенталаната Кина, а неговата долгогодишна изградба ја следеа многу контроверзии. И покрај тоа што пред околу осум месеци граѓаните и професионалците реагираа дека мостот не е во доволно добра состојба, сепак кинеските власти ги игнорираа и пред два месеца го пуштија мостот.

most-hkzm-hong-kong

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top