Насловна / Арт и дизајн / Извонредната уметност и дизајн на Џио Понти во Франција

Извонредната уметност и дизајн на Џио Понти во Франција

Единствениот завршен проект на легендарниот италијански архитект Џио Понти во Франција, L’Ange Volant („Летечкиот ангел“), благодарение на иновативната нова изложбена серија наречена Genius Loci, го истражува пресекот на уметноста, дизајнот и архитектура.

1 (1)

Завршена во 1927 година надвор од Париз, нео-паладијанската вила е подложна на преуредување под надзор на Марион Вињал, кој консултирал бројни уметници, дизајнери и галерии за да помогнат во трансформирањето на обележјето за еднонеделното шоу.

Меѓу соработниците е и основачот на Нилуфар Галеријата Нина Јашар, која позајмила дизајнерски ремек-дела од самиот Понти, како и дела од Ико Паризи, Пјеро Форнасети, Роберто Џулио Рида, Студио Нуклео и Софи Дрис.

1 (3)

“Изборот што го направивме со Марион Вињал е мешавина од винтиџ и современо и е резултат на прецизно истражување меѓу колекцијата на Понти и други дизајнери и уметници“, рече Јашар. Мислам дека денес, повеќе од кога било, е важно да се поврзат различните децении, да се создаде свест и да се сподели нашето знаење со големата публика. Можноста да се прикажат овие дела е ретка прилика и значајно искуство за галеријата, додава тој.

1 (2)

Дебито на Genius Loci содржи и нарачани дела од Матијас Кис (чие уметничко дело од бел мермер го краси предниот тревник), Лоран Грасо, Френклин Ази, Малоле Антињак, Ањес Себило и Демијан О’ Саливан.

Додека плановите за идните изложби се држат во тајна, следните повторувања се замислуваат за градови како Венеција, Брисел, Милано, Лондон и Лос Анџелес.

1 (4)

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top