Насловна / Арт и дизајн / Изложбата „Louis Vuitton Objets Nomades“ во Хонг Конг

Изложбата „Louis Vuitton Objets Nomades“ во Хонг Конг

Продолжувајќи ја својата колекција Objets Nomades, Louis Vuitton пристигна во Хонг Конг за да организира изложба на својот мебел и други парчиња инспирирани од патувања.

1_resize

Сместена во зградата Pedder Building, реномирана и историска знаменитост во срцето на Централен Хонг Конг, настанот од 25. март до 8. април 2021., се одвиваше во серија простории, создадени од бирото за архитектура NC Design & Architecture (NCDA), како реинтерпретација на историските дворци пронајдени низ градот.

5_resize

Изложбата вклучуваше широк спектар на дизајн за славење на наследството на брендот Louis Vuitton, со детали како што е LV класичниот монограм. Прикажана во разнобојниот простор, создаден од NCDА, оваа изложба е интересна за љубителите на уметноста и дизајнот, но и за љубителите на брендот Louis Vuitton.

2_resize

3_resize

Кога станува збор за најинтересните парчиња, изложена беше колекцијата Zanellato / Bortotto landerne, исто така претставени новите Objets Nomades, како масата Anemone Ateliera Biagetti и реинтерпретација на постоечките, култни парчиња во неочекувани нови тонови. А во просторот можеа да се видат и резултатите од соработката со современиот уметник Wing Shy, чии фотографии ги красеа ѕидовите.

4_resize

Лансирана во 2012 година, колекцијата „Louis Vuitton Objets Nomades“ е постојано проширување на серија колекционерски предмети, која ги комбинира дизајнерските вештини на светските дизајнери. Споделувајќи чувство на интуитивност, желба и задоволство, „Louis Vuitton Objets Nomades“ ја развива традицијата на убаво изработени парчиња инспирирани од патувања преку разновидни, современи визии.

6_resize

7_resize

8_resize

9_resize

10_resize

11_resize

12_resize

13_resize

14_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top