Насловна / Архитектура / Отворена изложбата „Херои за еден ден… “ во МОБ

Отворена изложбата „Херои за еден ден… “ во МОБ

Во фоајето на Македонската опера и балет, а во рамките на „Скопско лето“, отворена е изложбата „’Херои за еден ден’, Навраќање кон три урбани артефакти на словенечките архитекти во Скопје“.tri slovenski arhitekti skopje_11
„Изложбата ги преиспитува достигнувањата на тројца словенечки автори/бироа, чии дела во Скопје станаа клучни обележја, дефинирајќи ’градови во градот’: Македонската опера и балет – МОБ на Биро 71 (изградена 1972-81), Универзитетот ’Свети Кирил и Методиј’ – УКИМ на Марко Мушич (изграден 1970-74) и Природно-математичкиот факултет – ПМФ на Едвард Равникар (изграден 1949-51)“, стои во каталогот на „Скопско лето“.tri slovenski arhitekti skopje_06
Иницијатори и креативни директори на изложбата и публикацијата се уметницата Нада Прља и архитектот Даниел Серафимовски, директори на независната културна агенција и галерија „СИА“ од Скопје, а која е дел од прославата на словенечкиот национален ден, 25 години независност на Република Словенија.tri slovenski arhitekti skopje_07 tri slovenski arhitekti skopje_08

Учесници и соработници на изложбата се архитектите Виолета и Минас Бакалчев, Мартин Гулески, Јован Ивановски, Владимир Десков, Ана Ивановска-Дескова, Влатко П. Коробар, Митко Хаџи-Пуља, Зоран Петровски-куратор, Андријана Тилиќ и Иван Блажев-фотографи и  уметниците Јане Чаловски, Никола Узуновски, Илија Прокопиев, Душан Перчинков, Берт Стајн-писател и модниот дизајнер Драган Христов.tri slovenski arhitekti skopje_09

Словенечкиот амбасадор Бранко Раковец на прес-конференција информира дека пред македонската јавност ќе бидат презентирани три дела кои, како што рече, значајно ја одбележаа архитектурата на Скопје, пред и по земјотресот.
„Ова се уметнички дела на своето време и поради тоа се безвремени“, истакна Раковец.
Според Даниел Серафимовски, изложбата, пред се, ги опфаќа зградите на МОБ, УКИМ и ПМФ и времето кога тие биле проектирани, а целта со овој проект е тоа да не се заборави и да се размислува дека може се уште да е релевантно. tri slovenski arhitekti skopje_10 tri slovenski arhitekti skopje_04 tri slovenski arhitekti skopje_05
Нада Прља нагласи дека не се работи за традиционална изложба која ќе зборува за историја на архитектура туку, како што рече, сакавме да направиме поврзување до сегашноста.
„Поради тоа се решивме да вклучиме голем број на архитекти, куратор, писател, уметници. Желбата за спојување на тоа што е минатото и тоа што е денеска ни беше исклучително важна, рече Прља.tri slovenski arhitekti skopje_12 tri slovenski arhitekti skopje_13 tri slovenski arhitekti skopje_14
Исто така, на отворањето беше промовирана и книга, односно документација на материјалот на изложбата во врска со изложбата.
Изложбата ќе биде отворена до 14 јули годинава.

Испрати коментар

Scroll To Top