Насловна / Архитектура / Специјална болница „Филип Втори“- објект од повисок ранг

Специјална болница „Филип Втори“- објект од повисок ранг

Здравствениот систем во Македонија отсекогаш бил соочен со проблемите на пациентите со посебни болести, особено срцевите заболувања. Во недостиг на соодветни здравствени институции за третман и нивно лекување, пациентите најчесто се праќаа на лекување надвор од земјата за што се трошеа огромни средства._DSC2646

Соочени со овие факти, а со цел да се подобри здравствениот систем во земјата, се пристапи кон проектирање и изградба на специјалната болница „Филип Втори“, која ќе пружа врвни услуги за срцево зболените. Проектот во целост е приватна инвестиција. Врз основа на ригидна анализа на проектната програма за оваа нова болница, со обмислена функционалност, не само од рационално-организациски аспект, туку и од психолошки и социолошки, проектантите тежиштето на своите размислувања го насочиле кон корисниците на специјалната болница._DSC2651

Првиот елемент со кој се среќавате со некој објект е неговата надворешност, неговиот обем и неговата материјалност. Објектот, општо земено, не е само волумен кој е збир за многу функции, а архитектурата не е само занает; таа е уметност, наука, филозофија. Во својата работа вклучува многу различни знаења, талент, а од инвеститорот и неговите потреби во многу нешта зависи слободата на изразување на проектантите._DSC2647

Медицинските згради, обично, се сметаат како места со негативна конотација, особено кога пациентите постоперативно се рехабилитираат и не знаат колку долго ќе останат таму и што сè ги очекува. Во самиот процес на дизајнирање на проектот за новиот центар на специјалната болница „Филип Втори“ во Скопје, целта на проектантите била да се промени перцепцијата за негативна конотација и да се изгради позитивен простор, кој е во состојба да дејствува и како центар за социјална дејност, а не само како медицински центар.H filip vtori sala HOL 56

Затоа и се обрнало големо внимание на изгледот на фасадата на овој објект. Тоа е првата точка на поврзување помеѓу пациентот, медицинскиот центар и опкружувањето. За овој центар на специјалната болница, архитектите развиваат предлог кој е формално сличен на оние од социјалната и културната инфраструктура. Фасадата е од алуминиумска конструкција со фиксни стаклени прегради и брисолеи, додека другиот дел од надворешните ѕидови е изведен како вентилирана фасада. Овој тип на разработка на фасадата, како да им сугерира на посетителите што ќе најдат во внатрешноста._DSC2653

Анатомската шема на срцето и нејзиниот механизам во рамките на целото човеково тело, како да биле искористени за архитектонскиот дизајн на проектот. Срцето е централниот мускул на системот, тоа пумпа крв за да ги храни органите и клетките во него. Срцето е присутно во дизајнот на централниот атриум: пациентите влегуваат  во него и потоа се движат понатаму од овој централен простор (извор на светлина и живот), како црвени крвни клетки и одат кон клиниките и различните одделенија за да се вратат повторно во циркулаторниот систем полни со живот и здравје, слично како крвните зрнца кои се збогатени со кислород.A_03

Основа на приземје

Градот Скопје, а со тоа и цела Македонија, со оваа болница добија еден нов објект, кој со своето архитектонско решение претендира да биде на повисок ранг не само кај нас туку и во регионот, и да ги исполни највисоките здравствени услуги. Локацијата на објектот е оддалечена околу 3,5 километри од централното градско јадро. Сместена е во комплексот на болницата „8 Септември“.  Површината за градба на оваа нова болница изнесува 2.503,09 m².PRESEK

Пресек

Во објектот се пристапува од западната страна каде што се наоѓа главниот влез. Болницата е дизајнирана во рамките на критериумите на новата типологија за дваесет и првиот век. При проектирањето се употребени многу иновативни технологиии и материјали за кои повеќе ќе пишуваме во следниот број.A_09

Попречен пресек

Објектот за специјалната болница е проектиран како затворена единица, а особено е посветено внимание на функционалниот, визуелниот аспект и потребите на околината. Во текот на проектирањето, посебно внимание е дадено на надворешниот и внатрешниот амбиент, со тенденција за постигнување на архитектура од висок квалитет, како за пациентите така и за персоналот и посетителите.

Главниот влез е поставен централно, на западната страна, од каде преку надворешни скали се пристапува до влезниот хол и инфо пултот, преку кој се упатуваат пациентите до потребните одредишта. Лево од влезот, внатре, сместени се менувачница, аптека и наплатен пункт, десно е сместен барот со простор за чекање и санитарии, а централно е поставен инфо пултот и централниот лифт од каде пациентите се праќаат до соодветното одделение. Барот е замислен да се користи за потребите на пациентите, посетителите и персоналот, а може да се користи и како мултифункционална просторија за организирање на коктели и слично.SITUACIJA 3

Ситуација

Од холот, одејќи лево, се наоѓаат осум амбуланти како и една соба за стрес тест. Амбулантите имаат чекални и гардероби со санитарии за пациентите, а поврзани се со лабораториите што се наоѓаат на северната и источната страна на објектот. Од десната страна на холот се наоѓаат просториите за рентген, како и други технички и контролни простории. На приземјето, одејќи кон југоисток, се наоѓа и една оперативна сала со потребни простории кои ја опслужуваат.

Преку лифтовите и скалите се доаѓа на првиот кат, во чекална за пациентите и посетителите која е централно поставена. Источно и западно се поставени 21 двокреветна соба за пациенти. Источно и јужно се поставени четири соби за полуинтензивна нега со шест и со три легла. На југозападната страна е сместен одделот за геникологија со две родилни сали, просторија за новороденчиња, просторија за инкубатори и реанимација на новороденчињата, млечна кујна и гардероба со мијалници.4069A

Сите соби за пациентите се опслужени со лекарски соби, простории за припрема на терапија, помошни простории за лекови и медицинска опрема, бањи за пациентите со санитарии како и пулт за следење на пациентите. И на вториот кат се наоѓаат слични содржини како и на првиот. Тука се сместени собите за интензивна нега; шест соби со шест легла и две двокреветни соби. Сите соби имаат свои тоалети. Пациентите во овие соби се следени преку мониторинг систем. На овој кат во јужниот дел од објектот, сместен е оперативниот блок со четири операциони сали со сите придружни простории. Овој блок со својата функционалност овозможува хируршка дејност со сите највисоки стандарди на здравството.H brza pomos 17

На третиот кат централно е поставен ресторанот со кујна и нејзините придружни содржини. Веднаш до кујната од западната и источната страна се сместени 10 апартмани со по две легла и посебен тоалет, како и два VIP апартмани. И тука се наоѓаат придружни простории, соба за лекари, електро инженери, администрацијата на болницата, како и аудиториум.

Поткровјето на објектот се користи како технички кат каде е сместена котларата. Објектот бара специфични услови за пациентите и заради тоа на техничкиот кат е сместена целата придружна опрема за инсталации (машинство, електрика, камери и сл.) потребни за целосно функционирање на болницата како една целина.

При проектирањето и изведбата на објектот, посебен акцент е даден на македонските и европските стандарди за здравствени установи кои овозможуваат функционалност, одржување и користење на објектот на прав и лесен начин.H brza pomos 20

Ентериерот е дизајниран со доза на луксуз, со големо количество на светло, со визури кон надворешноста. Сето ова придонесува за создавање на позитивна атмосвера и престојот во болницата го прави, барем наизглед, пријатен. Болницата сè уште, во целост, не работи со сиот свој капацитет. Работи еден дел, додека низ неа се уште се прават и уредуваат многу од просториите наменети за пациентите и персоналот што ќе ја опслужува.

Идејниот проект е изработен од МЕДПЛАН-Швајцарија.

Разработка и реализација на проектот „ХРИСТОВИ инженринг“, Скопје

(Продолжува во наредниот број)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top