Насловна / Арт и дизајн / Изложба на Рубенс Корубин „Ателје, радоста на сликањето“

Изложба на Рубенс Корубин „Ателје, радоста на сликањето“

Новиот проект на Националната галерија под наслов „Ателје, радоста на сликањето“ е од опусот на академскиот сликар Рубенс Корубин во објектот Чифте амам. Изложбата ќе биде отворена на 8. октомври 2019 година (вторник) во 20 часот и ќе биде отворена до 31. октомври 2019.
Рубенс Корубин веќе долг низ години се наоѓа во самиот врв на современото македонско сликарство. Тој работи во повеќе медиуми (сликарство, цртеж, графика, и мозаик), а неговите дела претставуваат ретки, совршени унии помеѓу темата и начинот на експресијата.
Уметноста на Корубин сведочи за исклучителна способност за прикажување на едно ретко емотивно богатство, а ги поседува и сите знаци на големо сликарско мајсторство. Еден романтичен сликар, тој е уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија и сопственото разбирање на материјалните и емотивните елементи кои го сочинуваат нашиот свет.

рубенс
На изложбата ќе бидат прикажани негови нови дела, настанати во последните неколку години. Покрај новосоздадените, истовремено, на изложбата ќе бидат поставени и постари дела во сопственост на авторот, дел од неговата лична колекција, со што таа добива и ретроспективен карактер, правејќи пресек и на претходните фази во неговиот ликовен опус.
„Ателје, радоста на сликањето“ е еден своевиден јубилеј со кој авторот одбележува седумдесет години живот и четириест и пет години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.
Рубенс Корубин е роден во Прилеп во 1949 година. Дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Белград 1974 година. 1976 година завршил пост-дипломските студии во Белград, во класата на Младен Србиновиќ. 1977- 79 остварил студиски престој во Париз во “L’ Ecole des Beaux Arsts” кај професор Јанкел. 1986 – 2012 Работи како професор на факултетот за ликовни уметности. Член е на ДЛУМ од 1975 година. Имал бројни самостојни изложби во Македонија и странство. Исто така повеќе пати и групно излагал во земјата и странство. Добитник е и на бројни призанија и награди.

Pokana_print

Испрати коментар

Scroll To Top