Насловна / Вести / Бил Гејтс со книга и 310 милиони долари во борба против климатските промени

Бил Гејтс со книга и 310 милиони долари во борба против климатските промени

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс одлучил да придонесе во борбата против климатските промени.
Гејтс работи на книгата „Како да се избегне климатска катастрофа“, која ќе биде негов придонес во борбата против климатските промени, соопшти вчера издавачката куќа Даблдеј.
Гејтс ќе ги изнесе своите идеи за постигнување нулта емисија на гасови со ефект на стаклена градина, преку локални, национални и глобални акции. Тој во соопштението наведе дека сака да помогне во изградбата на технологии, бизниси и индустрии со кои би се избегнале најсилните ефекти на климатските промени.

bil1
На самитот Климатски акции на Обединетите нации минатиот месец, Бил Гејтс соопшти дека неговата фондација работи со Светска банка и поедини европски влади за да се обезбедат 790 милиони долари за помош на милиони мали фарми во светот за да им се овозможи да се прилагодат на климатските промени.
За таа цел фпндацијата на Гејтс издвоила 310 милиони долари.

Книгата „Како да се избегне климатска катастрофа“ треба да излезе во јуни наредната година.

Испрати коментар

Scroll To Top