Насловна / Вести / Изложба на Наташа Милованчев во Виена

Изложба на Наташа Милованчев во Виена

natasa milovancev vo viena

Во Амбасадата на Република Македонија во Виена, Австрија, вечер се отвора изложбата на авторката Наташа Милованчев. Се работи за 27 дела (слики и колажи) под наслов „Бивајќи атмосфера: Предели”, односно ликовна поставка која стилски се „прелева“ од апстрактниот експресионизам во геометриската апстракција. Самиот наслов реферира на неиздиференцирани предели кои освен стилски, бинарно се артикулираат и синхронизирано се манифестираат на планот на интерно/екстерно.
Делата се работени во техника акрил и комбинирана техника на платно. Како проект станува збор за пресек низ визуелните наслојувања низ временскиот период од 2007 до 2014 година, односно за своевидна синтеза на елементите од еден подолг истражувачки процес.
Наташа Милованчев дипломирала на Архитектонскиот факултет (Скопје), во 1993 година и на Факултетот за ликовни уметности во 1995 година. На истиот факултет (ФЛУ), завршила и постдипломски студии во 2003 година.
Автор е на 15 самостојни изложби и учесник на бројни групни изложби дома и во странство.
Ова е прво нејзино самостојно претставување во Виена.

Испрати коментар

Scroll To Top