Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Кавадарци со проект за енергетска ефикасност

Кавадарци со проект за енергетска ефикасност

dogovor
Советот на општина Кавадарци донесе одлука за прифаќање на проектот „Обезбедување поддршка во подобрувањето на енергетска ефикасност во колективното домување“.

– Проектот е финансиран од Американската агенција за обнова и развој УСАИД и Здружението за хумано домување Хабитат – Македонија. Тој опфаќа поставување на термоизолациони фасади и кровни конструкции на станбените згради за колективно домување на територијата на општина Кавадарци, во насока на подобрување на енергетската ефикасност и заштеда на енергија, – вели кавадаречкиот градоначалник Александар Панов.

Хабитат – Македонија ќе ги покрие трошоците за потребните мерења, изработка на проект документација и надзор, а ќе склучи договори за заем со станарите со 1 процент каматна стапка и 10 години рок на исплата на средствата.

Испрати коментар

Scroll To Top