Насловна / Вести / ААМ ќе ја додели годишната награда за архитектонско дело за 2013

ААМ ќе ја додели годишната награда за архитектонско дело за 2013

aam golemata nagrada2013
Во петок (20.12.2013) во Музејот на Град Скопје со почеток во 20 часот, ќе се одржи доделувањето на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2013 година. Традиционален покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија. Свеченото доделување на наградата го организира Асоцијацијата на архитекти на Македонија, во рамки на традиционалната новогодишна средба на архитекти. Големата годишна награда, годинава се доделува по 37. пат, а истата претставува преглед на архитектонските дела во тековната година и валоризација на најуспешното достигнување во архитектурата.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top