Насловна / Вести / Норвешка го зголемува данокот за емисии на јаглерод диоксид

Норвешка го зголемува данокот за емисии на јаглерод диоксид

Во склоп на новиот план насочен на борба против климатските промени, Норвешка планира значително да го зголеми данокот на емисиите на јаглерод диоксид за нафтените и гасни компании, до крајот на деценијата. Според планот кој неодамна е претставен во јавноста, а во кои се изложени климатските амбиции на земјата за остатокот од деценијата, владата на оваа скандинавска земја планира да ги зголеми цените на трошоците за емисии за јаглерод диоксид на 235УСД по тон до 2030 година. Моменталната цена која ја плаќаат нафтените и гасните компании изнесува 77 евра по тон генериран CO2. Премиерката Ерна Солберг тврди дека данокот на јаглерод диоксид е најважното средство за намалување на емисиите на штетни гасови кои се создаваат прри производство на нафта и гас. „Основниот принцип на Парискиот договор е дека одговорноста за емисиите лежи онаму каде тие се појавуваат. Норвешка е одговорна за своите емисии“ рекла Солберг. Од друга страна, лидерот на индустриската лоби група на Норвешкото згружение за нафта и гас (Norog), вели дека владиниот предлог ќе има негативно влијание врз домашното производство. „Ќе дојде до поскапување, зголемување на трошоците и ослабување на конкурентноста“, велат од Norog.

Новиот план на Норвешка за намалување на емисиите до 2030 година, ќе биде редовно ажуриран на неколку години. Планот ги опфаќа и амбициите на земјата за ветерните електрани на вода, зафаќање и складиштење на јаглерод диоксид, водородот како гориво, и сл. Деталните планови за сите овие технологии ќе бидат претставени во белата книга за енергетските ресурси на Норвешка, која ќе биде претставена во текот на пролетта.

norwaytax2

norwaytax3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top