Насловна / Вести / Италија се враќа на нуклеарната енергија со помош на мали нуклеарни реактори

Италија се враќа на нуклеарната енергија со помош на мали нуклеарни реактори

„Не можеме тројно да зголемиме нешто што го немаме“, изјавил министерот за животна средина и енергетска сигурност Фратин, коментирајќи зошто Италија не е меѓу потписниците на декларацијата за нуклераната енергија од Конференцијата на Обединетите Нации за климатски промени COP28 во Дубаи. Сепак, кабинетот продолжува да работи на воведување на нуклеарната енергија, за која тој тврди дека може да придонесе за економијата со 45 милијарди евра и 52,000 работни места. Наместо конвенционалните технологии. Италија ја проучува можноста за изградба на мали модуларни реактори (SMR), открива Фратин.

fratin1

Заговорниците на тоа решение тврдат дека станува збор за варијанта која е поефтина и поедноставна за просторно планирање. Минситерот нагласил дека изградбата на големите реактори трае во просек околу 15 години, а се очекува SMR да бидат достапни пред крајот на оваа деценија. Исто така, Фратин додал дека Италија ја разгледува можноста да се приклучи на споменатата иницијатива за нуклеарната енергија од COP28. Министерството со кое тој раководи одобрило 135 милиони евра за истражувања на полето на нуклеарната енергија. Тригодишната програма вредна вкупно 502 милиони евра е наменета за поддршка на истражувањето и развојот на иновативни технолгии во енергетиката, при чие користење нема нето емисии на гасови со ефект на стаклена градина. Ставката за нуклерана енергија првенствено се однесува за малите модуларни реактори (SMR) и напредните нуклерани реактори (AMR). Во согласност со неодамна изменетиот Интегриран национален енеретски и климатски план, дел од средствата треба да се употребат и за нуклеарна фузија. Тоа е експериментална технологија, на која министерството смета на долг рок.

fratin2

Италија пред повеќе од 30 години предвреме ги згасна своите последни реактори, како резултат на референдумот од 1987 година. Денес, признавајќи дека јавното мислење е поделено, Фратин повикува на дијалог и консензус.

 

Испрати коментар

Scroll To Top