Насловна / Вести / Истражување: Загадувањето на воздухот влијае на здравјето на неродените бебиња

Истражување: Загадувањето на воздухот влијае на здравјето на неродените бебиња

Многу истражувања во последните неколку години покажале дека загадувањето на воздухот влијае на помалата телесна маса кај новороденчињата, што може да предизвика трајни последици по нивното здравје. Последното истражување во оваа низа доаѓа од Лондон. Мирел Толедано од „Британскиот медицински журнал“ кој го спровел истражувањето, вели дека е неприфатлива ситуацијата кога факторите кои негативно влијаат врз бебињата се надвор од контрола на идните мајки. Имено, нема сигурни начини бремените жени во градовите да го избегнат хроничното изложување на загаден воздух.

maxresdefault
Студијата опфатила 540.000 живородени деца од Лондон и ја потврдила поврзаноста помеѓу лошиот квалитет на воздухот кој го вдишувала мајката и малата телесна маса на новороденчето (под 2,5 kg). Научниците укажале дека секои 5 микрограми загадени честички во кубен метар воздух, носи ризик од 15 % за мала телесна маса. Просечната изложеност на трудниците во Лондон е 15 μg/m3, што придонесува за сериозна присутност на споменатиот ризик.
Загадувањето кај новороденчињата може да предизвика неразвиеност на белите дробови, но и на мозокот. Со години, загадениот воздух е причина за предвремена смрт кај голем број деца, но и возрасни.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top