Насловна / Вести / Индија гради патишта од пластичен отпад

Индија гради патишта од пластичен отпад

Индија планира да влезе во еден од најголемите инвестициски циклуси во областа на патната инфраструктура, со помош на домашна технологија за изградба која вклучува употреба на пластичен отпад.

Индија ја има втората во свет најразвиена патна мрежа, која за жал е прилично неквалитетна а со тоа и небезбедна за сообраќај. Официјалните податоци велат дека мината година во 500.000 сообраќајни несреќи загинале повеќе од 150.000 луѓе. Речиси 10% од незгодите со смртни последици се причинети поради ударните дупки, кои се честа појава на патиштата во Индија.

Неодамна, Владата најави инвестиција од 11 милијарди УСД, за изградба на патна мрежа во должина од  83,677 km во текот на наредните пет години. Во изградбата  ќе се користи веќе тестираната технологија која предвидува употреба на пластичен отпад. Овој пристап, освен што ги намалува трошоците, овозможува и подолг век на траење на патиштата.

plastic 1

plastic 5

Секој еден километар пат, може да „конзумира“ еден тон пластичен отпад, а Индија генерира околу 15.000 тони пластичен отпад дневно, од кои 9.000 тони се рециклираат. Технологијата која е откриена од страна на Rajagopalan Vasudevan, универзитетски професор по хемија, користи ситно исечкана пластика која се додава во загреаниот битумен.

plastic 3

plastic 4

Vasudevan ја развил технологијата во 2002, и прво изградил ваков пат во Универзитетскиот кампус. Веќе 11 држави во Индија ја користат оваа технологија. Во 2015 година Индиската влада го направи задолжително користењето на пластичен отпад за градење на патишта.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top