Архитектонско биро од Пула MoloZero во 2020 година, става потпис на проектот за Винаријата Meneghetti, дел од туристичко одморалиште сместено во природна оаза од 12 хектари опкружена со истарски лозја и маслинови градини.

Сместен на прекрасниот имот Stanza Meneghetti во местото Бале, потпрен на ѕидовите еден и пол век стари градби и почитувајќи ги традициите на ова поднебје, хотелот денес е член на престижниот ланец луксузни хотели Relais & Châteaux, додека комплексот на винаријата се простира на 1.200 квадратни метри и е целосно интегриран во природната средина.

Комплекс составен од три објекта
Комплексот, односно функционално-технолошката целина на винаријата, се состои од три главни објекти: сала за дегустација, производство и складирање. Салата за дегустација (180 м²) и просторијата за производство (300 м²) се надземни, додека просторијата за складирање на флаширано вино и барик вино (475 м²) е делумно вкопана, објаснуваат архитектите од Пула, кои го создадоа проектот во соработка со локалната компанија Фабрика д.о.о. (ентериер) и подршка од Архитектонски Студио Плус.

„Одлуката на проектот Винаријата да се состои од три, а не од еден објект е за да се пристапи кон секој објект со одредена намена (просторија за дегустација, производство, вкопано складирање) со соодветна технологија на градба (тула, челик, бетон за вкопаниот дел), да се прилагоди на функционалните потреби , а пред сè, нивниот меѓуоднос создаде одредена морфологија и можност за откривање и користење на парцелата и околината на повеќе начини, доживувања и удобности“, наведуваат од MoloZero.

Иновативно архитектонско решение
По пристигнувањето, посетителите прво ја гледаат зградата со просторијата за дегустација и просторите за наградуваните архивски вина и маслинови масла од линијата Meneghetti, произведени на имотот. Во близина се наоѓа зградата за производство на вино, а малку подалеку, во подземната винска визба, вината што бараат долгогодишно созревање се чуваат во дрвени дабови буриња.

„Новиот вински комплекс целосно е интегриран во природната средина и претставува иновативно архитектонско решение. Станува збор за интересна комбинација од модерно и традиционално, која по својот изглед наликува на соседниот, најголем австро-унгарски одбранбен воен комплекс Paravia – Barbariga “ – напишаа хрватските медиуми по официјалното отворање на винаријата во пролетта 2022 година.

Винаријата Meneghetti и нејзината просторија за дегустација се одвоени од самото одморалиште и се отворени за гости секој ден. Љубителите на вино можат да дојдат тука и да уживаат во чаша вино и креативни залаци, а за оние кои сакаат да дознаат повеќе, се нудат разни раководени програми за дегустација на вино.

Stanza Meneghetti во Бале
Stanza Meneghetti потекнува од втората половина на 19 век, кога била изградена како типична истарска рурална куќа со придружни економски објекти. Откако била запоставена многу години, на почетокот на 2000-тите, започнал процесот на ревитализација на имотот, што го претворило во туристички комплекс.

Првата фаза вклучувала реновирање на постојната градба и додавање на нови содржини, со што се формиран бутик хотел со ресторан и неколку апартмани. Со текот на времето, комплексот е проширен со низа вили со приватни базени, со што вкупниот капацитет се искачил на 58 сместувачки единици. Објектите се интегрирани во пејзажот на лозја и маслинови градини, а материјалите што се користени во реновирањето – камен, дрво и малтер во традиционални техники – сведочат за напорот да се зачувува карактерот на локалното градителско наследство.

Во 2013 година, Meneghetti е примен во меѓународниот ланец Relais & Châteaux, што ги потврдува високите стандарди во однос на архитектонскиот квалитет, организацијата на просторот и понудата.
Паралелно со хотелскиот дел, развивано е и земјоделското производство, првенствено лозја и маслинови градини, што подоцна условило и изградба на посебен вински комплекс – новата винарија отворена во 2022 година.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија