По експерименталните прототипови, данското студио Bjarke Ingels Group (BIG) во соработка со компанијата Nokken го разви Softshell – префабрикувана кабина-шатор од 18 квадратни метри. Проектот ги истражува можностите за мобилна и модуларна архитектура во рамките на глампинг, еко-одморалишта и помали туристички комплекси.

За разлика од типичните префабрикувани единици, Softshell се потпира на дрвена рамка покриена со платно и лесно склоплива конструкција, со архитектонски израз што ја евоцира класичната силуета во А-рамка, но со акцент на одржливост и минимален еколошки отпечаток.

Надворешноста на Softshell е изработена од мешавина од памук и полиестер, достапна во каки боја, темно зелена или морнарско сина.
Во внатрешноста, модуларната хибридна структура нуди чајна кујна, бања и простор за седење, додека висината на рамката овозможува во поткровјето висечки лежај од мрежа.

Секоја единица пристигнува во четири сандуци, овозможувајќи им на сопствениците да ја склопат кабината без пголема градежна оператива.
Монтажата е осмислена да биде едноставна, каде што две лица можат да ја подигнат рамката за неколку часа со спојување на претходно исечени дрвени елементи и нивно фиксирање со метални завртки. Ваквата модуларна стратегија значи дека Softshell може да се постави и на локации каде што класичната градба е тешка.

Softshell како соработка произлезена прототипови
Шаторот Softshell, развиен со Nokken, се темели на претходните експерименти на BIG во архитектурата за угостителство во помал обем. Имено, во 2017 година, данското студио ја разви кабината Klein, прототип од 17 квадратни метри со остро закосен кров.
Иако тој проект никогаш не влезе во целосно производство, неговата силуета послужила како инспирација за профилот на Softshell. Во меѓувреме, Nokken изгради репутација низ компактни префабрикувани кабини и прилагодлив дизајнот за да даде приоритет на флексибилноста и персонализацијата.

„Softshell е всушност празно платно. Намерно не го брендиравме, бидејќи сме хардверска компанија. Правиме предмети објекти кои операторите, хотелите и сопствениците на земјиште можат да ги усвојат и адаптираат на својот бренд. Ова овозможува интерпретација преку пејзаж, завршни материјали и внатрешна декорација“, велат од компанијата.

Можност за проширување на функционалноста
Основната цена на кабината е 18.950 евра, а преднарачките се веќе достапни на веб-страницата на Nokken, со испорака низ целиот свет.
Операторите можат да ја прошират функционалноста на кабината со дополнителни опции, вклучувајќи звучна изолација, кујнски модули и проширувања во вид на тераси.
Идните надградби, кои моментално се во развој, вклучуваат топлинска изолација за постудени клими, шпорет на дрва и проширувања на таванот со сопствена бања.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија