Насловна / Архитектура / Испратете свој проект на Светскиот фестивал на архитектура 2018

Испратете свој проект на Светскиот фестивал на архитектура 2018

Сега е право време да ја спакувате својата пријава и да држите среќа.
По две години одржување во Берлин, единаесетиот по ред Светски фестивал на архитектура ќе се одржи во Амстердам од 28 до 30 ноември 2018. Организаторите очекуваат дека во потесен избор ќе влезат околу 500 архитектонски пракси кои ќе се натпреваруваат во повеќе од 35 категории.
Фестивалот претставува едно од најголемите архитектонски случувања во светот на кој се доделуваат награди. Специфичен е и по тоа што сите трудови кои ќе влезат во потесниот избор, заедно со архитектот одат пред жирито кое е составено од вкупно 120 луѓе. Оваа година повеќе од половина од жирито се жени.
Постојат повеќе од 35 категории, а наградите за победниците во секоја категорија изнесуваат 10.000 фунти.

амстерд_1
Претседател на жирито за најдобар реализиран објект оваа година е Nathalie de Vries од архитектонското биро MVRDV. Во жирито ќе се најдат и David Adjadye, Li Xiadong и Mohsen Mostafavi, деканот на Харвард.
На Фестивалот на светската архитектура ќе се доделат и награди во бројни категории како што се: нереализирани проекти, најдобра употреба на боја, најдобра употреба на дрво, фотографија, цртеж, студентски труд итн.
Пријавата за Фестивалот се наплаќа, доколку тоа го сторите до 20 април 2018 можете да остварите попуст. Можете да се пријавите на следниот линк: https://www.worldarchitecturefestival.com/register-enter

амстерд_2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top