Насловна / Ентериери / Интеграција на зеленило во работниот простор

Интеграција на зеленило во работниот простор

Украинското архитектонско студио TSEH Architectural Group доби за задача да даде нов живот и функција на канцелариските простории во Киев и истовремено да го задржи индустрискиот стил.

канцеларија-1

канцеларија-2

Концептот на реконструкција на овие канцеларии е да се навлезе длабоко во строгите форми на конструктивизмот со додавање на свеж воздух, лесни форми, внесување на елементи од природата, да се создаде синергија помеѓу рационалното и ирационалното и да се интегрира природата во продуктот од технолошкиот прогрес.

канцеларија-7 канцеларија-8

канцеларија-12

Зеленилото се појавува насекаде, на различни површини и во различи варијации. До рецепцијата се наоѓаат зелени вертикални столбови, на средина на канцеларијата е поставена зелена коцка, кај влезот се наоѓа зелена ѕид-ограда, а грмушки се протегаат помеѓу металната ограда. Исто така, зеленилото е застапено на покривот и на делови од бетонскиот под.

канцеларија-9

канцеларија-10

Распоредот на елементите во просторот е слободен, а дел од канцелариите меѓусебно се одвоени со стакло. Мебелот е во црно-бела боја. Таванот е во бела боја и наместа преминува во дрвени брановидни панели кои лебдат над просторијата наменета за посетители.

канцеларија-3

канцеларија-6

канцеларија-11

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top