Насловна / Ентериери / Инспиративен и минималистички апартман во Италија

Инспиративен и минималистички апартман во Италија

италија (2)

Овој светол и инспиративен апартман се наоѓа во близина на Венеција во Италија. Сместен во зграда од 60-тите години на минатиот век, станот има отворен план и пространа тераса со прекрасен панорамски поглед на околината.

италија (3)
Во текот на жешките летни денови, терасата станува продолжеток на дневната соба. Бетонските столбови внесуваат индустриски шарм во овој удобен и светол стан.
Белиот мебел, вграден во ѕид, создава чувство станот да изгледа попростран отколку што навистина е. Мебелот од подот до таванот го зголемува таквото чувство.
Белиот минимализам е специјално нешто што го карактеризира овој простор за живеење. Сјајните површини на мебелот и подовите од дабово дрво го дополнуваат во целост овој ентериер.

италија италија (4) италија (5) италија (6) италија (7) италија (8) италија (9) италија (10) италија (11) италија (12)

Испрати коментар

Scroll To Top