Насловна / Вести / Индустриското загадување на воздухот, ја чини ЕУ стотина милијарди евра годишно

Индустриското загадување на воздухот, ја чини ЕУ стотина милијарди евра годишно

Индустриското загадување на воздухот ги чини Земјите на Европската унија и до 400 милијарди евра, а извор на половината од тоа загадување се 211 најголеми индустриски постројки. Ова го покажува најновиот извештај на Европската агенција за животна средина (EEA). Анализата која го опфаќа периодот од 2008 до 2017 година, покажала дека здравствената и еколошка штета од индустриското загадување на воздухот во 2017 година изнесувала помеѓу 277 милијарди и 433 милијарди евра. Тоа одговара на 2-3% од вкупниот годишен БДП на Европската унија. Најголема штета по здравјето и животната средина предизвикуваат тремоцентралите, па така меѓу 30-те најголеми загадувачи се наоѓаат 24 електрани од кои најголемиот дел се на јаглен.

IAP1

IAP2

Во извештајот се идентификувани и индустриските сектори кои највеќе го загадуваат воздухот. На прво место е енергетскиот сектор, потоа тешката индустрија, производството и преработката на горива и лесната индустрија. Најголемите индустриски загадувачи на воздухот се наоѓаат во Германија, Велика Британија, Полска, Шпанија и Италија.

IAP3

Испрати коментар

Scroll To Top