Насловна / Вести / EUSEW со јавно гласање за европски лидери за чиста енергија и најдобри проекти

EUSEW со јавно гласање за европски лидери за чиста енергија и најдобри проекти

Дванаесет исклучителни личности и проекти, се во потесниот избор за Награда за одржлива енергетика во рамките на Неделата на одржлива енергетика во ЕУ (EUSEW).  Секој може да гласа на следниот ЛИНК,  до 22.10.2021 година, за својот фаворит во три категории: Награда на граѓаните, Награда за жена во енергетиката и Награда за пионерски достигнувања на младите.

eusew1

Листата на лидерите на европската чиста енергија и најдобрите проекти, дава увид во оригиналните решенија за унапредување на квалитетот на живот, кои во исто време помагаат во напорите за сузбивање на климатските промени. Номинираните личности и потфати, главно работат на подигање на свеста за користа од обновливите извори на енергија. Свеченоста за доделување на наградите во секоја категорија е закажана за 25-ти октомври. Неделата на одржлива енергетика оваа година ќе се одржи од 25-ти до 29-ти октомври. Настанот се промовира на социјалните мрежи со #EUSEW2021, а темата е „Пат кон 2030 година: преуредување на европскиот енергетски систем“ (Towards 2030: Reshaping the European Energy System).

eusew2

Во потесниот избор се најде проектот TripleA-reno од Словенија, кој ја популаризира енергетската реконструкција кај станбениот сектор и заштедите на енергија, преку претставување на фактите и придобивките на граќаните.

 

Испрати коментар

Scroll To Top