Насловна / Архитектура / Индивидуална куќа во Скопје со единствена енергија

Индивидуална куќа во Скопје со единствена енергија

Млада тричлена фамилија се вселува во својот нов дом после долго барање решение во многу архитектонски студија. После макотрпни анализи, семејството се одлучува да го започне својот сон со ателјето за проектирање и дизајнирање „Грамос Дизајн“, претставувано од архитект Димитар Грамосли.

IMG_0713_resize

Почетоците на професионалната кариера на  архитект Димитар Грамосли се во Белград во познатото ателје „Лампирис“ и во Црна Гора во архитектонското биро „ИНГ  Инвест“. После неколку години работа надвор од земјава се враќа во Скопје каде го отвора своето ателје за проектирање и дизајнирање, кое нуди комплетна стручна услуга и квалитет според високи естетски критериум. Проектите кои се изработуваат се совпаѓаат со идеологијата на познатиот архитект Фанк Лојд Рајт: „Архитектурата е волја на една епоха, пренесена во просторот и начинот на  живеење“.

IMG_0705_resize

Делата се карактеристични по формата, пред сè, секогаш се следи слободата на изразување на линијата, најзначајната линија е симетријата во проектирањето. Секој проект претставува распоред на простори со соодветни намени, кој ја отсликува креацијата на архитектот и инвеститорот соодветно на неговите барања и потреби. Со проектот се обликува и фасадата и ентериерот на објектот, кои се одраз на материјалите, духовните, социолошките и практичните потреби на корисниците на просторот, а притоа неминовно се спојуваат функционалното и убавото, рационалното и потребата. Независно од стилот кој го преферира архитектот, постојат извесни лавиринти, очекувани и неочекувани стапици во архитектурата, под чие влијание ниту еден професионалец не смее да потпадне.

IMG_0715_resize

Искуството на еден архитект влијае на квалитетот на проектот, но проектираната форма, содржина и функција се тие кои го формираат просторот. Просториите треба да бидат планирани да ги задоволуваат пропишаните стандарди, поставени на начин кој овозможува природна светлина и вентилација. Организацијата во просторот треба да се заснова врз основниот принцип според кој влезот е неразделно поврзан со ходник, хол, антре, собата за дневен престој со трпезарија и кујна, а спалната соба со бања.

IMG_0717_resize

НОВ ДОМ ВО НАСЕЛБАТА ПРЖИНО

Сите овие параметри ја отсликуваат и оваа индивидуална куќа во населбата Пржино. Поради топографијата, стрмен терен,  куќата се развива на три нивоа, приземје, прв и втор кат и предвидени се два влеза, еден од најниското ниво, приземјето и еден на најгорното ниво, вториот кат каде се наоѓаат заедничките содржини.

Но, да одиме со ред, влезот во приземјето го отсликува целиот раскош во оваа куќа. Нè пречекува голема масивна врата која нè внесува во домот, се влегува во простран хол, каде прегледно се поставени скалите кои нè водат на горните катови. Во приземјето се сместени и пространи гардеробери, гостински тоалет, утилити просторија. Гардероберот е сокриен зад скалишните краци, уредно поставен непречено да служи на намената. Холот е со врата директно поврзан со гаража за две возила.

IMG_0723_resize

Просторот на влезниот хол е луксузно декориран, пречекувањето во домот е на високо ниво, уште при првото зачекорување во куќата. Овде преовладува белата боја која оддава чистота на просторот, проткаена со црни тонови на плочките како шаховско поле, темна комода, како декорација користена е второстепена пластика на ѕидовите, со детали како огледало и групација на стилски столови во црвена боја, кои смело се истакнуваат на белата заднина. Материјалот од кој е изработен подот, ѕидовите и плафонот го даваат карактерот на целата куќа уште во антрето.

IMG_0732_resize

На првиот кат се спалната соба, две детски соби и бањи. Предвидени се и помошни простории, како гардеробери и за детските и за спалната соба и утилити. Посветено е особено внимание на организацијата на спалната соба, имајќи предвид дека креветот не значи кама сутра, туку љубов, релаксација, фантазија, потребна е негова правилна ориентација во однос на страните на светот. Правилниот распоред на опремата во спалната соба, креветот, наткасните, огледалото, фотелјата, гардероберот, пријатната светлина како природната, така и вештачката, претставуваат важен елемент за емоциите кои треба да ги разбуди оваа соба.

IMG_0737_resize

Проектирани се две бањи, едната наменета за децата, до која се пристапува од ходникот и една за родителите, поставена во дното на спалната соба до која се пристапува и преку гардероберот и директно од спалната. Тоалетот и бањите како најинтимни простори во домот треба да бидат уредни, да постои правилен распоред на елементите, а покрај одржувањето, за уредна бања во голема мера се значајни и материјалите применети на подот и на ѕидовите. Овие карактеристики придонесуваат за квалитетот на хигиената и одржувањето.

Од спалната и детските соби овозможен е директен пристап преку лизгачки врати на заедничка тераса со прекрасни визури на Скопје.

IMG_0735_resize

Продолжуваме на последното ниво, вториот кат. Како што е веќе напоменато, поради конфигурацијата на теренот и на ова ниво проектиран е влез во домот. Просторот на овој кат е отворен, без прегради, освен тоалетот и гардероберот. Тука се сместени содржините наменети за заеднички, социјален живот на целото семејство и пријателите, кои секогаш се добредојдени во овој дом. Овој заеднички отворен простор меѓусебно е одвоен со формата, димензиите и позициите на содржините соодветно на намената.

IMG_0771_resize

Собата за дневен престој е удобен, простран простор со непречени погледи на Скопје. Прозорците се поставени од под до плафон со што е овозможено големо количество природна светлина, а исто така и менување на атмосферата во зависност од положбата на Сонцето. Одвоен е од делот за јадење преку голем камин кој е отворен од двете страни, и кон дневната соба и кон трпезаријата, со што е овозможено во него да се ужива кога се користи кој било од овие простори. Трпезаријата и кујната се заеднички простор со директен пристап на тераса, одвоени меѓусебно со кујнски остров.

IMG_0752_resize

IMG_0746_resize

Во склоп на просторот на ова ниво е сместена и работната соба, која воедно служи и како соба за домаќинот и пријателите, чие хоби е занимавање со лов. Па така можеме во одвоена просторија, поставена зад скалите и тоалетот, во која се влегува веднаш покрај влезната врата да пристапиме во еден друг свет, свет на ловџии, каде едниот ѕид е обложен со камен, за да вљубениците во лов ги потсетува на природа, а на ѕидовите се поставени птици и глави на животни, кои се значајни ловџиски трофеи.

IMG_0760_resize

Стилот на овој ентериер за разлика од посмиреното обликување на фасадите, би можеле да го опишеме како мешавина на модерно и класично. Додека фасадите се прочистени од декорација и се всушност во една боја, сива, но во различни потемни и посветли нијанси, внатрешноста на куќата изненадува со белината и присутноста на дрвото, како подна облога, но и облога на ѕид. На белата подлога на ентериерот се истакнуваат декоративни елементи, класична профилација на плафоните, ѕидовите, каминот, кујнскиот остров. Можеме да видиме и различни парчиња мебел во потемни тонови, жолти фотелји, нитни на тапацир, стилски трпезариски столови и лустери кои луксузно висат од плафоните.

IMG_0740_resize

IMG_0754_resize

IMG_0743_resize

IMG_0753_resize arhitektura vlatko kuka pdf-1_resize arhitektura vlatko kuka pdf-4_resize arhitektura vlatko kuka pdf-5_resize

Автор: „Грамос Дизајн“

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top