Насловна / Вести / Индија: Прв пробен лет на авион со млазно биогориво

Индија: Прв пробен лет на авион со млазно биогориво

Нискотарифниот авиопревозник СпајсЏет, успешно го заврши првиот тест лет во Индија со погон на млазно биогориво. Летот од индискиот град Дехрадун до престолнината Њу Делхи, траел 45 минути, а бил изведен со авионот Bombardier K400.

Според соопштението од компанијата, авионот користел горивна смеса од 75% гориво за гасни турбини (ATF) и 25% биогориво, добиено од билката јатрофа. Ова биогориво е развиено од страна на Индискиот институт за нафта (IIP). Предностите од користењето на биогоривото се намалување на емисијата на јаглерод диоксид и зголемување на ефикасноста.

biofuel2

biofuel3

biofuel1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top