Насловна / Вести / Дали и пушачите се сериозни загадувачи?

Дали и пушачите се сериозни загадувачи?

Изминатите месеци, проблемите во врска со заагадувањето на океаните со пластика, како и забраната за употреба на пластичните сламки, беа во фокусот на медиумското внимание кога станува збор за животната средина. Ширум светот организирани се разни акции за чистење на сламките и другиот пластичен отпад од плажите и од морињата. Но, според NBC отпушоците од цигарите се поголем проблем за морињата и океаните. „Иако немаат никакви бенефити за здравјето, ниту се прописно регулирани, проблемот со филтрите за цигари  веќе не смее да се игнорира“ изјавил Томас Новотни од Универзитетот во Сан Диего.  Филтрите од 5,6 трилиони цигари (од кои 1/3 завршува во морињата и океаните) направени се од целулозен ацетат кому му е потребна една деценија за разградување. Според некои податоци, отпушоците се најзастапениот отпад кој се собира од плажите, поточно 60 милиони отпушоци за последните 32 години. Филтрите се измислени во почетокот на дваесеттиот век со цел да го намалат штетното влијание од цигарите врз здравјето на пушачот, но со време с епретворија во сериозен еколошки проблем. Да се натераат пушачите одговорно да ги одлагаат своите отпушоци често е многу тешко, и разни кампањи се покажале како неуспешни.

Сепак, кампањата под името „Отпушоците и загадувањето“ тежнее кон тоа да ги смени ставовите. „Отпушоците ги загадуваат нашите плажи, паркови и заедници, веќе предолго – време е за акција!„ напишале активистите на својот сајт. Некои мерки во САД веќе се превземени, а постои и кампања за забрана на користењето на филтрите, како и поскапување на цигарите.

Неодамна, еден тематски парк во Франција ги истренирал чавките да ги собираат отпушоците, со цел да пратат порака на посетителите дека треба повеќе да се грижат за животната средина.

filter3

filters1

filters2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top