Насловна / Архитектура / Канцелариите на германското проектантско биро Schmelzle + Partner Architekten

Канцелариите на германското проектантско биро Schmelzle + Partner Architekten

Секој проект на германското проектантско биро Schmelzle + Partner Architekten се фокусира на три главни прашања: естетика, функционалност и оптимална употребливост. Оваа стратегија строго се применува од страна на четирите партнери на фирмата и кога ја градат својата сопствена зграда за 45 вработени среде шума, користејќи индустриски градежни материјали.

1

Главниот влез се крие помеѓу борови дрвја

Деловната зграда на ова проектантско биро се наоѓа во германскиот град Халваген, живописно место во шума на која се простира прекрасен поглед од канцелариите. Карактеристичната фасада, која се чини дека е издигната над земјата се издвојува дури и од далеку, додека структурата изгледа совршено обединета со пејзажот со својот зелен покрив.

2

Фасадата е направена од стакло и челик

План е во иднина овој деловен комплекс да прерасне во вистински „work & live“ комбиниран центар, каде ќе бидат обезбедени и апартмани за вработените. Како што пишува Designboom, работите на новиот објект се во тек.

3

Канцеларијата се базира на четири нивоа

Анексот во кој се сместени канцелариите со стаклени прегради е проектиран на четири нивоа, еден вид просторни каскади по кои се поделени работните единици. При нивното проектирање се внимавало секое ниво во просторот да биде одвоено со акустични панели со што целата стаклена структура создава елегантен премин помеѓу затворениот простор и неговото опкриужување.

4

5

Простор за флексибилни големини

Интересно е што секој работен простор може да се прилагоди на било која намена и природата на секој нов проект. Без разлика колку се различни проектите, работните простори лесно може да се прилагодат на потребите на секоја ситуација. Малите простори спонтано се обележани, проширени или намалени за создавање на различни работни простори кои обезбедуваат совршено опкружување за проектантска работа.

8

Архива

Проектантите се одлучиле исклучиво за стандардни градежни материјали. Доминираат челични профили, трапезен лим, бетонски ѕидови и стакло.

7

Приемниот кат има конференциска маса која може да се оддели со завеса или да биде оставена отворена

6

Масата се претвора во конференциска сала

11

9

Простор за пречек на гости

12

Новиот дел од канцеларијата ја проширува постоечката зграда

10

 

Испрати коментар

Scroll To Top