Проектантското биро Fran Silvestre Arquitectos од Валенсија, Шпанија за својот проект за куќата Клиф во крајбрежниот град Калпе во Аликанте, Шпанија, велат дека сакале да изградат куќа во воздух и да одат по вода.

За стрмите сцени со поглед на море велат, дека кога си на такво место сакате да останете и најдобро е да не направите ништо.

Само едно парче е прикачено и тоа ја почитува топографијата на теренот и околината. Има сенка, куќа која мирно гледа кон Средоземното Море.

Под сонцето, базенот не доближува до морето, тивка бука.

Со оглед на стрмата падина и желбата да се развие домување на еден кат, се одлучиле за тридимензионална структура на екрани и плочи од армиран бетон кои се прилагодуваат на топографијата и создадено е минимално можно движење на земјата.

Оваа монолитна структура закотвена на карпата, генерира хоризонтална платформа на ниво на пристап од улица, каде што се наоѓа куќата.

Базенот е на пониско ниво, во рамната површина на локацијата. Бетонска конструкција е термички изолирана однадвор, со мазен, бел варов малтер како завршна обработка.

Останатите материјали, ѕидови, тротоари, чакалот на рамната тераса ја одржуваат истата боја нагласувајќи го унитарниот карактер.


















Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија