Насловна / Дневни Вести / Промовиран Просторниот план на Охридско-преспанскиот регион

Промовиран Просторниот план на Охридско-преспанскиот регион

Охрид – Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи денеска во Охрид го промовираше Просторниот план на Охридско-преспанскиот регион, изготвен од страна на Министерството и Агенцијагта за планирање на просторот на Република Македонија.

Пред делегациите на петте општини опфатени со планот (Охрид, Струга,
Ресен, Дебрца и Вевчани), како и претставниците на заинтересираните
јавни институции, организации и стопанственици, беа презентирани сите
аспекти на документот, за кој се смета дека е од стратешка важност во
насока на уредување, стопанисување со регионот и неговите ресурси, но и
нивна заштита.
– Солидниот Просторен план на Охридско-преспанскиот регион има
повеќекратно значење за РМ. Ова е регион кој игра голема улога во
туризмот, меѓународната соработка, а пред се, во македонскиот
биодиверзитет. Со Просторниот план на овој регион ќе се овозможи
унифицирање на методологијата за проучување на минатите, како и идните
проблеми кои ги попречуваат целите базирани врз принципите и одржливиот
развој, истакна министерот Јакупи.
Јакупи истакна дека самиот план е во корелација со сите закони за
заштита на животната средина и природното наследство. Во него се внесени
сите законски одредби за заштита на природата од Законот за управување
со отпад, Законот за води, Законот за просторно и урбанистичко
планирање, Законот за рамномерен регионален развој и Законот за локална
самоуправа. Целта е со Просторниот план да бидат регулирани сите аспекти
на заштита на природата во областите опфатени со проектот.
Охридско-преспанскиот регион претставува поголем дел од територијата
дефинирана со природните граници на двата непосредно поврзани басени на
Охридското и Преспанското Езеро, а се протега и на територијата на
соседните Република Грција и Република Албанија. Меѓународниот карактер
на просторот, како и големиот природен потенцијал претставуваат
императивна потреба за ефикасно менаџирање на заштитата на тој простор.

Испрати коментар

Scroll To Top