Насловна / Градежништво / Дали го заборавивме скопскиот земјотрес од 1963

Дали го заборавивме скопскиот земјотрес од 1963

zemjotres_skopje_thumb.jpg,,Станува збор за минорен сеизмолошки настан. земјотреси со ваква магнитудаво светот се случуваат во просек секој шести ден. Да биле почитувани прописитеи да биле земени предвид добро познатите принципи за проектирање, скопскиотземјотрес од 1963 год. можел да биде многу помалку од катастрофа."

26-ти јули, 1963 г. 5:17. Катастрофален земјотрес во Скопје, главниот град на Република Македонија. Еден од најсилните во Европа во XX век. Топлото летно утро се претвора во пекол. Над 1.000 загинати, уште повеќе повредени. Многу урнати и оштетени објекти. Семејни трагедии, уништени домови, прекинати животни сништа. Овој трагичен настан длабоко се врежува во свеста на жителите на Македонија, а и пошироко. Прераснува во траен репер за временско детерминирање на настаните. Скопје станува град на светската солидарност. Пример за хуманитарно уривање на уште нестврднатиот берлински ѕид. Под покровителство на ОН врвни светски урбанисти, архитекти и инженери земаат учество во обновата на разурнатиот град и ги поставуваат темелите на неговиот иден развој. Катастрофата провоцира пресврт во начинот на проектирање и градење на конструкциите. Иницира интензивен развој на науката во областа на сеизмологијата и асеизмичкото градење. Се инвенстира во обука на стручни кадри во престижните центри во САД и Јапонија. Се осовременуваат студиските програми на Градежниот факултет, во рамките на Универзитетот ,,Св Кирил и Методиј" се формира Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Се донесуваат нови, современи прописи за проектирање на конструкции. Македонија, нè само во рамките на поранешна Југославија, станува лидер во оваа област. Квалитетот на градбите станува сè подобар. Лекцијата е научена. Но, не за долго. Само триесеттина години по земјотресот, со настапување на процесот на општествената транзиција, почнавме да ги забораваме ужасите што произлегуваат од лошиот начин на градба. Воспоставениот систем на градење неповратно се извитопери. Бескрупулозната битка за што поголем профит промовира многу аномалии, а тоа резултираше со чест неквалитет во градењето. Таканаречената урбано-градежна мафија, водена од сопствените интереси, ги презеде процедурите во свои раце и како моќно цунами го потопи макотрпно градениот систем. Почнувајќи од погрешна и нарачана урбанизација, силување на просторот, шпекулативно проектирање и ревидирање, вградување на материјали со сомнителен квалитет, градење без стручен надзор се само некои од елементите на новоизградениот систем. Бавното обновување на регулативата од областа на проектирањето и градењето само им одеше под рака на овие негативни појави. Квалитетот на градбите почна да опаѓа. Научената лекција почна да се заборава. Во овој текст нема класична наука. Нема конечни елементи, забрзувања, периоди, ,,push over" анализи. Ова е труд со еден друг вид анализа, анализа на реалноста, анализа на приципите што, во една држава со предолга општествено-економска транзиција, доведоа до пад на квалитетот на градбата и за последиците што произлегуваат од тоа. Негова основна цел е да биде еден вид експертска ,,вувузела" чиј предупредувачки писок треба да допре до свеста на учесниците во процесот на градење, скромен обид за укажување на важноста на системските процедури и нивното почитување. Без ваковиот пристап научните истражувања и сознанија, колку и да се квалитетни, стануваат бесмислени, ,,L’art pour l’art"- Причини 

 

zemjotres_skopje_2.jpg


Причините за ваквите состојби се многубројни. Најголем дел од нив се меѓусебно поврзани и испреплетени: 

 

Економската криза 

 

Од економската криза, чии почетоци датираат уште од деведесеттите години на минатиот век, прво е погодено градежништвото. Со затворањето на неколку профитабилни надворешни пазари, пропратено со драстично редуцирање на домашните инвестиции доаѓа до инфлација од инженерски кадар која безмилосно ја девалвира вредноста на инженерскиот труд. Голем број на докажани стручни кадри остануваат или без ангажман, или со потценувачко ниски примања. Тоа предизвикува неповратно навлегување во вртлогот на вземната условеност на ниската цена и неквалитетниот производ.

 

Пропаѓањето на големите градежни фирм

 

Настанува тивко, постапно пропаѓање на квалитетни, добро екипирани градежни фирми со долгогодишна традиција на правилна хиерархиска поставеност на знаењето. Ова е пропратено со формирање на многу нови, мали приватни, т.н. човек-фирми, во кои нема услови за тимска работа со трансфер и размена на знаење. Искусните инженери, борејќи се за егзистенција, приморани се да извршуваат разно- разни работни задачи, немајќи време да се посветат на стручната работа. Истовремено, младите инженери неподготвени, немајќи од кого да учат, сурово се фрлаат в оган, па наместо во проектанти се претвораат во пресметувачи на наметнати конструкторски решенија. Импровизацијата навлегува во сите пори на градежништвото.

 

Деконструкција – реконструкција на системот

 

Постоењето на систем и почитувањето на воспоставените процедури се основните гаранти за постигнување на квалитет. Најголем губитник од деконструкцијата на постојниот систем за реализација на објектите (од проектирање до технички прием) и неговата хаотична реконструкција во некаков ,,Франкенштајновски" облик е квалитетот на градбата. Се предаваат непотполни и погрешни проекти, понекогаш изработени за сосема други објекти, со нарачани ,,лажни" ревизии, се гради без стручен надзор, со недоволно обучени работници, со непроверени материјали…….. Процедурите се приспособуваат единствено за поголема ,,проточност на процесот", а не за обезбедување на подобар квалитет.

 

Задоцнета законска регулатива

 

И покрај тоа што промената на општествениот систем, а со тоа и на многу суштевствени процеси во областа на градењето започна во далечната 1990 год, дури петнаесет години подоцна беше донесен првиот закон за градење во независна Македонија, приспособен на ново- настанатите општествено-економски услови. Меѓу последните во Европа формиравме Комора на архитекти и инженери преку која се издаваат овластувањата на учесниците во градбата што служат како доказ за нивната компететност за извршување на одредени дејствија во процесот на градење. Доцнењето на законската регулатива создаде слободен, нерегулиран простор кој профитерите од различен вид мошне успешно, секој преку свои лоби групи, успеаја да го искористат за свои интереси. Урбанизмот стана клучна точка околу која се концентрираа сите, од власта до инвеститорите. Квалитетот на градбата стана маргинална, неважна категорија која требаше да се подразбира сама по себе.

 

Корупција

 

Рак рана на секое општество. Присутна во сите средини, некаде повеќе, некаде помалку. Особено плодна почва наоѓа во земјите на транзиција. Во Македонија, подолго време, кај дел од администрацијата егзистира еден вид латентна корупција изразена преку ,,советодавно" насочување на инвеститорот кон ,,подобен" проектант, изведувач, надзор, со чија помош полесно би се минал сложениот лавиринт од административни процедури.

 

zemjotres_skopje_3.jpg


Образование

 

Образованието само по себе е еден од најбитните елементи за развојот на општеството. Меѓу другото, квалитетното образование е најголема потврда и за идентитетот на секоја нација. Така и во овој сложен процес, образованието на инженерите можеби зазема најзначајно место. Проблемот со образованието на градежните инженери во Република Македонија може да се анализира на две нивоа. Прво, веќе две децении имаме масовно пренасочување на младите кон студирање на полесни факултети, со звучни, егзотични имиња. Ова е делумно последица на ехото што допира до нив од погоре споменатите негативни појави, а делумно се должи на пореметениот систем на вредности. Згора на тоа, високото образование се претвори во бизарна бизнис категорија со што проодноста, а не квалитетот, станува доминантен показател за успешноста на одреден факултет.

 

Aлтернативни текови на проектирањето

 

Второто ниво се однесува на доживотното учење. Градежното конструкторство е сериозна дејност која бара перманентна едукација. За воспоставената практика дипломирањето, наместо вистински почеток, да значи крај на личното образование и усовршување, има повеќе причини. Во најголем број случаи нискиот инженерски стандард не дозволува инвестирање во стручна литература, современ софтвер, учество на стручни и научни собири, посета на саеми, во школарина за магистерски и докторски студии и сл. Малите фирми, борејќи се за гола егзистенција, најчесто немаат можност да инвестираат во развојот на своите вработени со што текот на стекнување нови знаења е прекинат, трката со поразвиените земји загубена.

 

Последици

 

потенцијални катастрофални ефекти – неквалитетната градба. Иако се знае дека квалитетните конструкции се единствената гаранција за успешна заштита од влијанијата што делуваат врз објектите, меѓу кои и оние од земјотресите, за жал, во последно време сме сведоци на чести архитектонско – инженерски авантури и врз постојните и врз новите градби. Се проектираат и градат конструкции со грешки во генетскиот код, во кои покрај материјали со непроверен квалитет се вградуваат и незнаење, импровизација, аматеризам, шпекулативност, коруптивност…. Преокупирани единствено со урбанистичкиот аспект на градење, околу кој се вртат и големите профити, дозволивме ,,никнување" на голем број т.н. ,,конструкторски дивоградби", чие постоење и употреба претставува потенцијална опасност по безбедноста на граѓаните. Успеавме за кусо време да го доведеме во прашање воспоставениот квалитет на проектирање и градење. Дозволивме да надвладее хаосот над редот, незнаењето над знаењето, неквалитетот над квалитетот, профитот над одговорноста…

 

Решенија

 

Решението на проблемот е сложено и бара соодветни активности на поголем број чинители во подолг временски период. Потребни се желба, концепт, стратегија, знаење, истрајност. Треба паралелно да се делува во повеќе насоки, свесни дека резултатите не можат веднаш да се очекуваат.

 

Нова законска регулатива

 

Потребно е итно донесување на законска регулатива со пропишани далеку построги критериуми за добивање и продолжување на личните Овластувања за вршење на соодветната стручна дејност. Вакви, построги критериуми, особено е битно да бидат донесени за категоријата Ревидент со што контролата на проектите ќе ја добие вистинската смисла. Со ваквото решение посредно ќе се влијае и на корекција на деструктивно ниските цени на проектирањето.

 

Регулирани минимални цени

 

Имајќи предвид дека станува збор за регулирана, исклучително одговорна професија, потребно е донесување на тарифник од страна на Комората со кој ќе се дефинираат минималните цени на инженерските услуги и изнаоѓање на начин за почитување на истиот.

 

Стручна администрација

 

Во соодветните органи на централната и локалната администрација свое место треба да најдат и градежните конструктори. На тој начин ќе се обезбеди соодветна дополнителна контрола на проектната документација и од конструкторски аспект, наместо истата и понатаму да се маргинализира за сметка на урбанистичките и архитектонските аспекти на проектирањето.

 

zemjotres_skopje_4.jpg


Доживотно учење

 

доживотно учење кој ќе обезбеди постојано усовршување на стручните кадри, следење на најновите стручни и научни достигнувања, едукација во однос на новите технички регулативи (како на пример Еврокодовите) и сл. Тука главната улога треба да ја преземат Комората, Универзитетот и стручните асоцијации. Ваквиот систем на постојано едуцирање ќе претставува и своевиден филтер за сепарирање на квалитетот од неквалитет. Но, ниту еден квалитет не се создава преку ноќ. Особено нè, квалитетниот градежен конструктор. Тоа е долготраен процес во кој секој дисконтинуитет, особено во стекнување на нови знаења, може да има крајно неповолни последици.

 

Поука

 

Градежното конструкторство е сериозна дејност. Една од најсериозните. Тоа е дејност која бара перманентно образование, одговорност во работата, широк спектар на продлабочени знаења и пред сè добро изграден систем кој ќе гарантира нивно правилно преточување во практиката, односно во реалниот живот. Во оваа дејност импровизациите и грешките, на кое било ниво, можат да бидат со несогледиви последици. Токму затоа не смееме да го забораваме скопскиот земјотрес.

 

Горан Марковски 

Градежен факултет, Скопјеистички, без практична верификација.

zemjotres_skopje.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top