Насловна / Дневни Вести / Продолжува инфраструктурното уредување на кавадаречките сообраќајници

Продолжува инфраструктурното уредување на кавадаречките сообраќајници

4976_kavadarci-makedonija.jpgКавадарци – Продолжува инфраструктурното уредување на кавадаречките сообраќајници. По асфалтирањето на улицата „Единство“ со 120 тони асфалт за околу 180 метри денеска се продолжи со асфалтирање на улицата „Елпида Караманди“ каде за 150 метри ќе бидат потрошени околу 80 тони асфалт во вредност од околу 500.000 ден.

Веќе од утре согласно утврдената динамиката ќе се продолжи со асфалтирање на однапред утврдените улици.Првично во наредните три дена ќе се асфалтира по целиот тек улицата „Киро Спанџов“ која се наоѓа пред ОУ „Димката Ангелов Габерот“.Овде ќе се постави целосно нов слој асфалт, по што ќе се помине и кон асфалтирање, но со тенок слој на асфалт, на улицата „Браќа Хаџи Тефови“ на потегот од мостот кај централната градинка до позади градското собрание. Можно е делот кај собранието да биде подновен и со целосно нов слој на асфалт, велат наделжните служби во собранието. На крај од овој плански период во кој се предвидени да се употребат некаде околу 900 тони асфалт, целосно ќе се реновира со нов слој асфалт дел од улицата „Методија Џунов Џико“ од салата Партизан до спојот со улицата над старата болница.(МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top