Одличен новогодишен подарок за секој архитект. Ѕиден калаендар, Brutalist Calendar 2020 во ограничено издание кој го слави почитувањето на бруталистичката архитектура од целиот свет.

Секој месец е со црно бела фотографија од бруталистички објект и минималистички календар во продолжение. Меѓу претставените објекти се: за месец септември Споменикот на револуцијата во Мославина, Подгариќ, Хрватска на Душан Џамоња, ноември Hayward Gallery во Лондон на Dennis Crompton, Warren Chalk и Ron Herron, октомври Hubert H. Humphrey Building, а за месец август објектот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, фотографија на Васе Аманито.

Останатите фотографиите се на Jan Kempenaers, Simon Phipps, Jason Woods и други.
Календарот е печатен од водечка европска печатница на матирана рециклирана хартија и е со димензии 340 x 240 милиметри кога е затворен, а кога е отворен 340 x 490 милиметри.

Издавач е Blue Crow Media, познат по своите изданија за архитаектура и дизајн.
Онлајн можете да го купите на Blue Crow Media или преку Amazon, чини околу 20 долари.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија