Насловна / Вести / 11 принципи за правилно обликување на јавни простори

11 принципи за правилно обликување на јавни простори

Неопходно е да се создаде опкружување во кое луѓето ќе се чувствуваат добредојдени и пријатно, односно место кое ќе биде удобно за разни активности и настани.
Третиот интернационален Placemaking Week кој неодамна се одржана во Тенеси, собра експерти од различни области кои разменуваа мислења и стратегии кои водат кон успешно обликување на просторот. Непрофитната организација PPS (Project for Public Spaces) кој ја организираше конференцијата, насочена е кон создавање планови со кои ќе им помогне на урбанистите да креираат и одржуваат јавни простори, кои ќе помогнат во градењето на силни заедници. Имајќи ја на ум оваа цел, тие дадоа 11 принципи за правилно обликување на јавни простори и тоа преку конкретни примери.

1. Заедницата знае најдобро
Важна почетна точка за развој на концептот за кој било јавен простор е препознавање на талентите и потенцијалите во заедницата, односно, пронаоѓање на луѓе кои можат да обезбедат историска перспектива, како и драгоцен увид во тоа како функционира местото.

1
Под мотото „градење подобар живот во моето соседство“ („A better life in my neighorhood“), обликуван е Tapis Rouge, еден од неколкуте јавни простори во Carrefour-Feuilles, Хаити, преку кој се создадени мултифункционални инклузивни простори, кои поттикнуваат социјални интеракции, со цел да се развие побезбедна околина, без насилство и криминал. Програмата и дизајнот се ориентирани кон заедницата, а овој јавен простор го зајакнува чувството на припадност и развива идентитет кај локалното население.

2. Создадете место, а не само дизајн
Потребно е да се направи опкружување во кое луѓето ќе се чувствуваат добредојдени и пријатно. Целта е да се создаде место со силно чувство за заедница, односно проектирано да биде удобно, преку различни поставки и активности.

2
Па така, Superkilen е модерна и урбана верзија на универзална градина, која поминува низ различните етнички и социјални четврти на овој дански град. Овој простор претставува големо изложбено платото на 60 различни национални групи кои живеат во околината. На овој јавен простор организирани се три јавни плоштади, каде црвениот е наменет за активности за продажба, културата и спортот, црниот се користи за урбаните секојдневни настани, додека зелениот плоштад се состои од спортски терени и игралишта.

3. Побарајте партнери
Партнери може да бидат локални институции, музеи, училишта или слични институции. Тие можат да бидат клучен фактор за идниот успех и имиџот на проектот. Па така Urban Amenities претставија проект во кој се здружила целата заедница. Проектот го организираше општина Каракас, со помош на градски организации и локалната заедница. Како резултат, создадени се рекреативни простори за локалното население, а претставници на заедницата, заедно со експерти, го избрале проектното решение преку конкурс.

3

4. Може многу да се научи со едноставно набљудување
Само со набудување како луѓето користат или не користат јавни места, може да откриете какви активности и содржини недостасуваат. Може да се направи чекор понатаму при набљудување на однесувањето на луѓето во нов простор, за да се добие увид во тоа како понатаму да се управува со некоја локација и како таа да се развиваат со текот на времето.
Во американскиот град Лексингтон, постои населба Five Fields, изградена кон средината на минатиот век, во чиј заеднички двор играат генерации на деца. Населбата е проектирана од страна на Architects Collaborative во раните 50-ти години, како експериментална заедница за домување, каде станарите би користеле заеднички простори. Сопствениците се менувале со текот на годините, но формата на заедницата, како и нивната грижа за заедничките места останала.

4

5. Ништо без визија
Визијата која стои позад проектот треба да потекнува од заедницата, за луѓето да се гордеат со просторот кој го добиле. Заедно со ова доаѓа и изборот на активности и создавање на сликата што се посакува да биде прикажана со идниот простор.
Паркот на Хусеин бин Талал во Грозни се смета за еден од првите современи јавни простори во рускиот Кавказ и се состои од лизгалиште, спортски терени, игралиште, рекреативни зони, рибник, амфитеатар и слични содржини. Главната визија била да се исчисти подрачјето од знаците на уништување и во градот да се создаде нов вид урбан центар, кој ќе привлече жители од различна возраст, за да се поврзе националната култура и модерната инфраструктура.

5

6. Започнете со цвеќиња – полесно е, побрзо и поевтино
Сложеноста на јавните простори често оневозможува секоја содржина да отпочне како што треба. Дури и најдобрите простори експериментираат со краткорочни решенија, кои се усовршуваат со тек на времето.
Urban Bloom е урбан експеримент, поранешен паркинг е претворен во урбана одржлива градина. Со помош на дрвени палети, создадена е платформа за секојдневно собирање и активности. Проектот ги охрабрува посетителите да го истражуваат просторот и да ја интерпретираат неговата цел преку сопствените искуства и потреби.

6

7. Триангулација
Според зборовите на американскиот урбанист Hollya Whytea,триангулацијата претставува процес со кој некои надворешни фактори овозможуваат врска помеѓу луѓето и ги охрабруваат странците да разговараат и да комуницираат. Во јавен простор, добар избор и аранжман на различни елементи може да го активира процесот на триангулација, односно собирање на луѓе.
Уличниот мебел pop-up! во Сиетл за време на двонеделниот Фестивалот на дизајнот трансформирал дел од градот. Осум подвижни модули, кои можат да се комбинираат така, за да се создададат бескрајни конфигурации за седење и игра, ги охрабриле граѓаните да се дружат.

7

8. „Тоа не може да се изведе“
Создавањето добри јавни места неизбежно ќе наиде на препреки. Така проектот за санација на јавен простор во станбената населба San Pablo Xalpa Housing Unit, имал за цел да создаде единствен заеднички простор, со оглед на тоа дека жителите со години присвојувале делови од јавниот простор со тоа што го затварале со sидови и огради. Отстранувањето на бариерите на почетокот не била прифатлива опција за жителите, меѓутоа со заедничко развивање на дизајнот, поставени се модули кои сочинуваат мултифункционален простор, кој најчесто се користи како библиотека.

8

9. Формата ја подржува функцијата
Насоките од заедницата или потенцијалните партнери, разбирање на функционирањето на просторот, експериментирањето и надминувањето на препреките, го обезбедуваат концептот на просторот. Секако дека дизајнот е важен, но овие параметри всушност го одредуваат обликот на идниот простор.
Red Ribbon, структура долга 500 метри, поминува низ паркот Qinhuangdao интегрирајќи ги функциите за осветлување, седење и ориентација. Проектот имал за цел да ја зачува природната средина покрај реката, но исто така да создаде можности за рекреација и едукација за природната средина. Со овој проект е покажано како со мало дизајнерско решение може да се постигне драстично подобрување во пејзажот.

9

10. Парите не се проблем
Кога ќе се постави основната инфраструктура на просторот, елементите кои ќе го поттикнат организацирањето на зоните, всушност не се скапи доколку сите се вклучат во акцијата.
CatalyticAction проектираше и изгради игралиште во едно од училиштата во бегалска населба, вклучувајќи ги децата во целиот процес, така што се применети на структури кои се лесно склопливи и преносни.

10

11. Никогаш не сте завршиле
Неминовно е содржините да се истрошат, потребни се промени, а со тек на времето многу други работи се случуваат во урбаното опкружување. Отвореноста за прифаќање на промените е она што создава добри и големи јавни простори, а со самото тоа и градови.

Green Cloud воспостави метод за рециклирање за подобрување на управувањето со дождовницата и создавање функционално зелено опкружување за жителите. Оваа идеја лесно може да се имплементира во различни средини.

11

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top