Насловна / Дневни Вести / На Аеродром учат како се подготвуваат проекти за штедење енергија

На Аеродром учат како се подготвуваат проекти за штедење енергија

Во седумте основни училишта во Општина Аеродром почна проект за обука на наставните кадри од природните науки и на учениците на тема енергија, клима и животна средина, кој ќе трае девет месеци.

Во рамки на проектот наставниците ќе добијат на располагање апликативни алатки за подобрување на квалитетот на наставата по природните науки, додека учениците ќе имаат дополнителни часови, преку кои треба да им се подигне нивото на свеста за проблемите од областа на животната средина.


Целта на проектот „Градење на капацитетите на учениците и наставниците по природни науки од основните училишта во Општина Аеродром“ е училиштата да се подготват за вклучување во меѓународниот конкурс за ученички проекти од областа за заштеда на енергија во рамки на училишниот проект за употреба на енергија и ресурси (СПАРЕ).


Преку овој проект училиштата од Аеродром, исто така, ќе добијат можност да се вклучат во меѓународната СПАРЕ мрежа на училишта, да добијат пристап до најдобрите практики при спроведувањето на наставните содржини од област на животната средина и да ги трансформираат глобалните прашања во практични активности на учениците и граѓаните.


Инаку, проектот се реализира преку здружението на граѓани „Проактива“, со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно панирање. (Порта3)

Испрати коментар

Scroll To Top