Насловна / Вести / И покрај пандемијата, нарачките за ветерни турбини достигнале рекордни 15GW во 2020 година

И покрај пандемијата, нарачките за ветерни турбини достигнале рекордни 15GW во 2020 година

Земјите на Европската унија, минатата година нарачале ветерни турбини со моќност од вкупно 15GW, што е раст од 74% во однос на 2019 година. Податоците од европското здружение WindEurope, зборуваат дека пандемијата не ги успорила планираните инвестиции во енергијата од ветерот, иако во еден дел од претходната година предизвика сериозни проблеми во синџирите на снабдување во оваа индустрија. Прва според нарачките е Велика Британија со 4,4 GW, потоа Холандија со 2,4 GW и Шведска со 1,4 GW. Шведска нарачала највеќе турбини за ветерни електрани на копно, по што следуваат Велика Британија, па Холандија. Што се однесува до турбините за ветерните електрани на море, прва е Велика Британија, а следува Холандија.

wt1

Франција и Германија исто така нарачале значителни капацитети, но поради проблеми во развојот на овие проекти, нарачките им се помали отколку во претходните години. Европските земји нарачале вкупно 8,2 GW ветерни турбини за електрани на копно, што е раст од 13% во однос на 2019 година, додека нарачките за ветерни паркови на море се зголемени за дури 6 пати, на вредност од 6,4 GW, се вели во извештајот на WindEurope – Wind Turbine Monitoring 2020. Вкупно 19 земји испоставиле вкупно 104 нарачки.

wt2

Испрати коментар

Scroll To Top