Насловна / Архитектура / Меси првиот гол во Катар го постигна на Lusail (ВИДЕО)

Меси првиот гол во Катар го постигна на Lusail (ВИДЕО)

Стадионот Lusail ќе биде домаќин на финалето на ФИФА Светското првенство Катар 2022 – настан кој ќе го обезбеди своето место во фудбалската и архитектонската историја. Огромна, но исклучителна, сјајот и раскошот на оваа арена се чудо, изградена да лежи во хармонија со околината.

л5

Стадионот е во сопственост на Фудбалскиот сојуз на Катар и со капацитет од 88.966 места е најголемиот стадион од осумте на кои се одржува Светското првенство.

л8

Проектиран од Foster + Panters и Populous, подржани од MANICA Architecture, стадионот е инспириран од рачно изработените чинии за сушени урми, кои се карактеристични за арапскиот и исламскиот свет за време на подемот на цивилизацијата, додека меѓусебните игри на светлина и сенка ги отсликуваат карактеристичните фенери во регионот.

л6

Lusail е сместен 23 километри северно од Доха. Неговата изгадба започна на 11. април 2017, завршен е во април 2021, а свечено отворен на 22. ноември 2021. година. Граден е од кинескта корпорација China Railway Construction Corporationa (CRCC) и HBK Contracting.

л11

Конструкцјата на „садот со урми“, што ги опкружува трибините тежи дури 30.000 тони и има дијаметар од 310 метри. Се потпира на 48 коси столбови, создавајќи рамка од 24 носачи во форма на V. Само столбовите тежат 6.271 тон, што е повеќе од целиот конструктивен челик што се користи на повеќето фудбалски стадиони.

л1

Златната фасада на зградата има сложени триаголни шари инспирирани од старите катарски светилки (фенери). Овој ефект е постигнат благодарение на 4.200 триаголни алуминиумски плочи со вкупна површина од 60.000 квадратни метри. Фасадата е поврзана со главната челична конструкција на арената со 4.672 конектори.

л10

Огромниот кров, исто така, заслужува внимание и покрај тоа што не е подвижен, не може да се повлекува. Неговатаа мембрана е растегната на начин со што се создава уште еден украс – стотици елементи во облик на дијамант. Кровната мембрана има површина од 45.000 квадратни метри, што ја прави една од најголемите градби од ваков вид. Дизајнот на кровот се смета за еден од најсложените системи на кабелско-мембрански конструкции во светот.

л7

л3

Стадионот чија цена изнесува 767 милиони долари, по завршување на првенството, во согласност со посветеноста на Катар за одржлив развој, ќе претрми измени. Дел од местата за седење ќе се тргнат и стадионот ќе се трансформира во простор на заедницата за училишта, продавници, кафулиња, спортски објекти и здравствени клиники.

Вчера на Lusail се одигра првиот натпревар на ФИФА Светското првенство, оној од групата Ц, меѓу Аргентина и Саудиска Арабија, на кој Линел Меси го постигна својот прв гол на Катар 2022, но и покрај тоа Саудиска Арабија победи со 2-1.

mes

л12

л9

л4

л2

л13

л14

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top