Насловна / Вести / Хуманоидниот робот на „Тесла“ добива свој ривал од Кина

Хуманоидниот робот на „Тесла“ добива свој ривал од Кина

Се појавуваат се повеќе компании кои се занимаваат со хуманоидни роботи, водени од целта да развијат универзално прилагодливи системи. Меѓу тие компании е и кинеската компанија Kepler. Kepler на настанот CES во Лас Вегас го претставува својот хуманоиден робот под името Forerunner. Од компанијата велат дека нивната Forerunner серија за општа намена покажува напредни можности во движењата, прецизна контрола и софистицирана визуелна перцепција. Со тоа, се позиционира како сериозен конкурент на роботот Optimus на компанијата „Тесла“.

kepler1

Роботот е висок 178 cm, има 85 kg, поседува „паметна“ и подвижна рака со 12 степени на слобода на движење. Се истакнува при движење по тежок терен, вешто избегнува препреки, подига и носи тешки предмети, а има и прецизна координација и интелигентна интерактивна комуникација. Роботот се потпира на шест сензори поставени во неговата глава, кои му овозможуваат „да ја разбере“ околината. Kepler планира да започне со продажба на роботот Forerunner во третиот квартал на оваа година по цена од околу 30.000 долари. Тоа значи дека ќе биде значајно поскап од конкурентскиот Optimus, кој може да се купи за 20.000 долари.

kepler2

Испрати коментар

Scroll To Top