Насловна / Вести / Houston we have a problem: 13 факти за мисијата Apollo 13, која неуспехот го претвори во подвиг

Houston we have a problem: 13 факти за мисијата Apollo 13, која неуспехот го претвори во подвиг

На 50 годишнината од мисијата Apollo 13, порталот Interesting Engineering  ги анализираше најинтересните факти зад оваа историска и инспиративнa приказна, кои во продолжение во целост Ви ги пренесуваме. Мисијата Apollo 13 со право доби бесмртност во филмот на Рон Хауард од 1995 година. НАСА ја лансираше оваа мисија во 1970 година, и за малку избегна катастрофа. Сепак, таа заслужено влезе во историјата како извонреден потсетник за тоа како луѓето можат да излезат победници дури и во една навистина изгубена ситуација.

Apollo 13 Anniversary

1. Apollo 13 требаше да биде трето спуштање на Месечината

Во 1970 година, САД веќе се истакнаа како победник во вселенската трка. Уште во 1961 година, Кенеди ги предизвика американците со својот легендарен говор во кој истакнува дека САД ќе испрати човек на Месечината до крајот на деценијата. Одговорот на НАСА на тој предизвик беше токму Apollo програмата. Во текот на оваа програма, остварени се вкупно 11 вселенски мисии, кои однесоа 12 астронаути на Месечината во периодот момеѓу 1968 и 1972 година. Се разбира, најисториската меѓу нив е Apollo 11 во 1969 година, со која човекот за прв пат стапна на Месечината.

appollo132

2. Интензивни подготовки за мисијата Apollo 13

Астронаутите минале низ беспрекорни подготовки. Накратко, секој член на екипажот на Apollo 13 имал над 1.000 часови обука поврзана со мисијата, од кои над 400 часа во симулатори.

apollo133

3. Командантот на мисијата Ловел веќе имал импресивно резиме

Екипажот под водството на командантот Џејмс Ловел бил навистина во добри раце. На возраст од 42 гдини, тој веќе имал учествувано во три Apollo мисии, вклучувајќи ја и мисијата Apollo 8, која во 1968 го прави првиот круг околу Месечината. Вкупно, дотогаш имал поминато 572 часови во вселенски летови.

4. Целта на мисијата била собирање докази за раната историја на Земјата

Целта на мисијата Apollo 13 била спуштање на кратерот „Фра Мауро“, за кој се верувало дека содржи материјали кои ќе дадат информации зa раната историја ан Месечината, а со тоа ќе се направат  и  истражувања за раната историја на Земјата.

apollo134

5. Ракетата Saturn V била идентична и во мисијата Apollo 8
Ракетата Saturn V која била користена за да го однесе екипажот на Apollo 13 до Месечината била навистина моќна. Вкупната тежина заедно со вселенското летало била речиси 3.000 тони.
appollo135
6. Мисијата Apollo 13 морала да биде откажана
Што тргнало наопаку? По лансирањето на 11 април 1970, навидум се било во ред. На 13 ти април, на оддалеченост од 320.000 километри од Земјата, екипажот започнува да се соочува со одредени проблеми. Накратко, се случува експлозија на резервоар за кислород, 56 часа по лансирањето, принудувајќи го екипажот да се откаже од мисијата. Оттогаш целиот капацитет и на екипажот и на командниот центар во Хјустон е фокусиран кон безбедно враќање на астроанутите. Шансите за успех се минимални.
Apollo 13 Anniversary
7. Командниот модул е оштетен, па екипажот се враќа дома со лунарниот модул
Apollo 13 вселенското летало било составено од два независни дела поврзани со тунел. На патот кон Месечината, астроанутите го користеле модулот т.н „Одисеј“, додека модулот „Аквариус“ бил всушност лунарниот модул наменет за спуштање на Месечината. Но, експлозијата сериозно го оштетува „Одисеј“, па единствената опција на екипажот е да го организира своето враќање  со „Аквариус“. Таквиот пресврт бил навистина драматичен и барал искличителни подготовки и адаптации.
apollo137
8. „Аквариус“ немал топлински штит
Лунарниот модул не било планирано да се вклучува се додека екипажот не се приближи доволно до Месечината. Дополнителна опасност бил фактот што овој модул немал заштитна обвивка, која ќе му овозможи да мине низ атмосферата и да биде отпорен на топлинската енергија која притoа ќе се развие. Затоа, еден член од екипажот останал во „Одисеј“  исклучувајќи ги сите системи пред да стигнат на Земјата, за да го употребат повторно непосредно пред спуштањето во атмосферата.
apollo138
9. Стигнуваат на Земјата безбедно, но тешко и макотрпно
Патот назад ја покажува истрајноста, вештините и тренингот на екипажот, кој мора да се бори и со ниски температури, и да ја штеди енергијата за напојување, и да се справи со недостатокот од вода. Конечно, на 17 ти април успеваат да се спуштат на Земјата, искористувајќи го „Одисеј“ за последните 5 часа.
apollo139
10. Се раѓа фамозната реплика Houston we have a problem!
Фразата Houston we have a problem е користена во поп културата ширум светот. Таа реплика потекнува токму од оваа мисија, иако своевремено таа била поинаква. Имено,  после експлозијата, екипажот, поточно Свигерт рекол Houston, we’ve had a problem. Сепак, во филмот на Хауард во 1995, ова е преименувано во Houston, we have a problem.
apollo1310
11. Неуспехот стана голема победа
Оваа мисија влезе во историјата иако не ја постигна целта. Таа ниту првично не била замислена како важна пресвртна точка ниту во вселенската трка, ниту во истражувањето на Месечината. Сепак, оправдано се одбележува како подвиг и победа на човештвото над една однапред изгубена битка со беспаќата на вселената.
apollo1311
12. Филмот на Хауард од 1995  и даде бесмртност на оваа приказна
Во текот на снимањето на филмот, режисерот настојувал што е можно поверодостојно да ги пренесе реалните случувања. Бројни сцени се снимани во симулаторите на НАСА, а актерите навистина биле изложени на температури под нулата.
apollo1312
13. Apollo 13 во реално време
Доколку го гледате филмот, и сакате да направите споредба со она што навистина се случило, можете да го погледнете Apollo 13  In real-time website. Оваа интерактивна страна Ве води на мисијата  Apollo 13 користејќи историски транскрипти, видеа, аудио снимки и сл. Всушност, страната содржи околу 90% од документите и фотографиите поврзани со оваа мисија.
apollo1313

 

Испрати коментар

Scroll To Top