Насловна / Архитектура / Хотелот Hom на Санторини – место каде минимализмот изгледа поелегантно

Хотелот Hom на Санторини – место каде минимализмот изгледа поелегантно

Постојат места кои ги будат најдлабоките емоции и најскриените чувства. Местата каде што зајдисонцата изгледаат поромантично, каде што ветрот ги шепоти само најнежните зборови, а морето со целата своја ширина го бакнува небото.

7

Хотелот Hom е сместен на прилично коса парцела, но тоа не го спречува да ужива во неверојатниот поглед на Тирасија и Егејското Море. Содржи независни апартмани и јавни простори (рецепција, ресторан и сопствен базен), кои на гостите им нудат врвна удобност и можност да го почувствуваат шармот на Санторини на најдобар можен начин – минималистички.

9

Хотелот е реконструиран во функционална и естетска смисла, по проект на архитектите од грчкото биро play architects. Целта била да се обедини хотелот во единствена целина, функционалност на просторите, искористувајќи го погледот и ориентацијата, со истовремено почитување на локалниот архитектонски јазик.

8

Со насочени интервенции, на секој простор посебно, се настојувало да се развие позната атмосфера која потсетува на мали самостојни куќи, а не на чувство на хотел. Во постоечката недовршена школка во која е вградена стара традиционална куќа, на 1.072 квадратни метри, создаден е хотелот Hom, со 13 апартмани, рецепција, бар-ресторан и базен, развиен на четири нивоа со лифт кој ги поврзува трите нивоа за лесен пристап.

1

10

Сите апартмани имаат сопствен независен балкон и џакузи. Со совршен поглед на Егејското Море и Тирасија, ова е максимална приватност што може да се посака. И што е најважно – Хотел Hom е место каде минимализмот навистина изгледа поелегантно.

3

4

5

6

2

Испрати коментар

Scroll To Top