Насловна / Ентериери / Хотел со само една соба

Хотел со само една соба

najmal hoytel vo svet_5
Данскиот хотел и кафе-бар Central предизвика големо внимание на странските медиуми, кога познатиот готвач Anthony Bourdain го претстави овој шармантен простор во една епизода од неговата позната телевизиска емисија No Reservations, а за овој уникатен хотел пишувал и британскиот весник The Guardian.

Веројатно, ова е најмалиот хотел во светот сместен во живописниот кварт Vesterbro во Копенхаген. Необично за овој хотел е тоа што има само една соба која се наоѓа над малиот кафе-бар, каде може да појадувате и да уживате со еспресо. Просторот е опремен со рачно изработен мебел, мини бар, телевизор со рамен екран, аудио систем и бесплатна Wi-Fi услуга. Цената за престој во овој хотел со појадок за две лица изнесува околу 240 евра.najmal hoytel vo svet_6 najmal hoytel vo svet_2 najmal hoytel vo svet_4 najmal hoytel vo svet_3 najmal hoytel vo svet_1

Испрати коментар

Scroll To Top