Насловна / Архитектура / Хотел изграден со одговорност кон планината

Хотел изграден со одговорност кон планината

Десет минути возење од центарот на Сараево, Pino Nature Hotel се наоѓа на падините на планината Требевиќ на 1.070 метри надморска височина.

hotel

Изграден на урнатините на омилениот сараевски излетнички простор Први Шумар, овој објект архитектонски го потпишува Студио Зец, односно главниот архитект Амир Вук со соработниците Санел Белко, Дарио Бојаниќ и Белма Јусуфовиќ.

hotel1

Композициски, Pino Nature Hotel се состои од примарна хоризонтална коцка, во која се сместени јавните објекти и вертикална коцка – кулата, која содржи исклучиво соби за гости.

Циркулацијата на гостите доминира во главната коцка која содржи влез, велнес центар со базен, конгресни сали, игротеки и ресторан, како и гостински соби сместени околу волуменот, кои примаат дневна светлина преку додадените триаголници со стакло.

hotel2

Според авторите, одговорното градење на планината бара адаптација на климатските и просторните околности, а лекциите од локалниот народен архитектонски јазик биле клучна инспирација за формирање на надворешниот лик на објектот.

Стрмните триаголници на фасадата се интерпретација на крововите на селските куќи и силуетите на боровите дрвја. Главниот волумен се потпира на основа обложена со камен – повторно цитирајќи ја традицијата и трипартитната поделба на составот на зградата – нозе, тело, глава – камен, дрво, стакло.

hotel3

Од досегашните искуства на сараевските архитекти, дрвените ќерамиди се покажаа како одржлив, издржлив и економичен материјал за покривање на планинските објекти.

Носечката конструкција на објектот е армиран бетон – дуализмот на овие два материјали дополнително се толкува низ внатрешноста – топлите дрвени површини зборуваат со рустично груб бетон.

hotel4

На претходно опишаната тактилност на употребените материјали се спротивставува употребата на фото-тапет – сликата сепак се враќа во архитектурата како сценографско-декоративен момент.

Рецептот за топлина и интимност во голема зграда, според авторот, лежи во поделбата на големите ентериери на помали, во човечки размери, но поврзана сценографија, бидејќи, како што додава, интимноста почнува во својот агол – секој со своето катче.

hotel5

hotel6

hotel7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top