Насловна / Вести / Хамад – аеродром на иднината

Хамад – аеродром на иднината

Постојат аеродроми на кои посакувате да останете подолго од предвиденото време за чекање на следниот лет. Таков е меѓународниот аеродром „Хамад“ (Хиа), крај Доха, главниот град на Катар. Отворен во 2014 година, тој многу  брзо станува  „број еден“ на Блискиот исток, а кога ќе слетате овде, тогаш е јасно  зашто е тоа така. Во изборот на  „Скајтрекс“, британската  консултантска фирма,  ХИА  останува прв во овој дел на  светот и за 2018, трета година по ред. Исто така, за 2018  година повторно според  „Скајтрекс“, напредувал  на глобален план, па  од  шестото се искачил на петтото место во светот.

Големината на аеродромот му овозможува на  Катар годишно да  прими  над  30 милиони патници, а во блиска иднина 50 милион, и да биде јазол  за транзит на патниците.

Аеродромот е изграден на земјиште кое во значителен дел е „одезмено“ од морето. Поседува две писти долги по два километри, кои се најдолги на светот. Естетски,  „Хамад“  го нагласува арапскиот етос на земјата, имајќи ја како тема и инспирација оазата.

Hamad8

hamad1

Hamad2

hamad3

hamad4

hamad5

Hamad7

hamad6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top