Насловна / Вести / Грција планира бран од зелени инвестиции на 20 мали острови

Грција планира бран од зелени инвестиции на 20 мали острови

Еколошки свесните туристи кои ја посетуваат Грција, веројатно веќе за неколку години ќе можат да одберат зафрлени дестинации на кои ќе се произведува сопствена енергија и на кои целокупниот превоз е на електричен погон. После неколку пилот проекти, владата сега планира зелен бран на инвестиции на 20 мали острови. Членовите на тимот кој работи на проектот на трансформација на начинот на живот на островите со по неколку илјади жители, велат дека сакаат да го унапредат брендот за Грција. Кандидатите за овој потфат не се поврзани со електроенергетската мрежа на копното, и сега се приморани да користат фосилни горива. Ситуацијата би требало да се промени на двеасетина такви места, бидејќи владата подготвува милијарда евра за зајакнување на енергетската автономија, воведување на паметен и електричен превоз и ефикасно улично осветлување, како и реновирање на зградите. Ваквиот потег би го унапредил имиџот на Грција, бидејќи постетителите би можеле да се определат за одржливите острови. Голем дел од средствата ќе биде наменет за капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори и складиштење со батерии.

grece1

grece2

 

Оваа идеја е стара повеќе од една деценија. Прво се спроведени пилот проекти за Тилос и Агиос Ефстаритос. Последниот голем чекор е направен на Астипалеја, заедница од 1300 постојани жители во Егејското море. Volkswagen ја презел обврската да воведе возила на целосно електричен погон и пратечки системи, а островот ќе добие и проекти за обновливи извори на енергија. Властите ова го сметаат за модел за одржлив развој кој ќе може да се примени и пошироко. Еден од клучните елементи е мобилизација на приватниот капитал во контекст на корпоративната општествена одговорност. Владата на премиерот Мицотакис, најави дека употребата на средствата од европските и домашните развојни фондови како и приходот од дозволите за емисии со ефект на стаклена градина, ќе помогнат во реализација на оваа цел.

grece3

grece4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top