Насловна / Вести / Пивски спа центар за вистински мажи

Пивски спа центар за вистински мажи

Пивски бањи. Во Чешка тие постојат веќе подолго време. Сепак, во Белгија – нација позната по својата богата култура на пиво – концептот сè уште не го нашол својот пат, се досега. После патувањето во Чешка и посетата на бања со пиво, двајца млади белгиски пријатели се вратиле дома со хидрирана кожа и план за започнување на првиот белгиски пиво спа центар во срцето на Брисел. Амбициозна идеја за која архитектонското биро од Антверпен, WeWantMore, помогнало да се оформи се, од именување и брендирање, до дизајнот на ентериерот.

3_resize

WeWantMore, се фокусирале на создавање чувство на опуштеност и интимност, но со непобитна врска кон она што го издвојува Bath & Barley: пиво, капење и озлогласеното наследство на пивото во Белгија.

7_resize

Закривени бакарни инсталации, инспирирани од античките бокали за пиво направени од овој материјал, се појавуваат зад застаклената фасада, повикувајќи ги минувачите да ѕирнат внатре. При влегувањето во овој пивски спа центар, закривените кади заедно со засводениот подрум кој веќе бил во овој објект, создаваат смирувачко чувство.

2_resize

1_resize

Сушен јачмен и хмељ висат од таванот, давајќи му на просторот пријатна арома, сензационално чувство и сензуално искуство, додека гранките на овие житарици кои се нишаат, уште повеќе го омекнуваат прилично топлото осветлување.

6_resize

Откриени ѕидови, натур бетон и син камен додаваат земјено чувство на приземниот простор. Архитектонското биро работело со традиционални материјали како: бакар, ситен чакал и витраж, со цел да се задржи автентичноста на зградите кои ја красат средновековната традиција на пиво во Белгија.

03_resize

Површините со витражи служат за одржување на приватноста на посетителите, а во меѓувреме, илустраци налик на црковни, прикажуваат монаси и свештеници кои се занимаваат со дестилација на пиво, директно потсетувајќи на културата на производство и потрошувачка на овој пијалок во Белгија. Слични обрасци кои личат на витези, бокали и буриња за пиво, се аплицирани со челични реинтерпретации на оградата на скалите.

4_resize

5_resize

01_resize

04_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top