Насловна / Вести / Грција електроенергетски ги поврзува своите острови

Грција електроенергетски ги поврзува своите острови

Италијанската компанија Prysmian склучила договор во вредност од 141 милиони УСД за изведба на подморски далновод со должина од 135  km  од Крит до Пелеопонез. Притоа, се работи за прво електроенергетско поврзување на Крит со копнениот дел од Грција. Договорот е склучен со грчкиот оператор на електропреносниот систем и опфаќа проектирање, испорака, изведба и пуштање во работа. Далноводот ќе биде изведен како високонапонска врска со наименична струја, со напон од 150  kV, и ќе се протега до длабочини од 950 метри. За положување на кабелот ќе се користи  специјализираниот брод на италијанската компанија. опремата ќе биде произведена во Неапол, а испораката ќе следи во 2020 година.  Истовремено, француската компанија Nexans, ја доби зделката вредна 125 милиони УСД за поврзување на островите Циклади и градчето Лаврион. Проектот ќе биде изведен според системот “клуч на рака“ и исто така ќе биде изведен како високонапонска врска со наименична струја, со напон од 150  kV.  Во наредната фаза, планирано е и поврзување на островот Сирос. Целта на сите овие проекти е напуштање на концептот на изолирано производство на електрична енергија за потребите на островите кое главно се базира на масло за ложење и дизел гориво.
grece2
grece3
grece4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top