Насловна / Вести / Граѓански протест: СТОП за бетонизацијата на Расадник

Граѓански протест: СТОП за бетонизацијата на Расадник

На Фејсбук се шири објава со која жителите на скопската населба Расадник најавуваат протест на 30 јуни во 18 часот и барраат нов Детален урбанистички план (ДУП) во кој ќе има паркови, а не бесконечна бетонизација на оваа населба, но и на целата општина Кисела Вода.

„Почитувани соседи, жители на Кисела Вода, придружете се на протестот за стопирање на ДУП-от со кој се предвидува бесконечна бетонизација на Расадник и Кисела Вода. Бараме нов ДУП кој ќе ги слушне барањата и потребите на граѓаните и ќе овозможи цивилизиран и културен живот за идните генерации. Бараме парк, зеленило, спортски и забавни содржини, велосипедски патеки, градинки, училишта и се друго што ќе донесе унапредување на животот во Кисела Вода. Бараме распишување конкурс за нов ДУП, а граѓаните да одлучат на референдум кој е најдобар з нив. Дојдете да покажеме дека не може да се донесуваат одлуки за нас и нашите деца без наше учество“, се вели во објавата на фејсбук на граѓанското здружение „За Расадник на можности, за хуман живот во Кисела Вода“.

р_resize

Испрати коментар

Scroll To Top