Насловна / Арт и дизајн / Реализирајте! Спротивставете се! Реагирајте!

Реализирајте! Спротивставете се! Реагирајте!

Денес, 24 јуни 2021 година, во Музејот на современа уметност Метелкова во Љубљана се отвора изложбата „РЕАЛИЗИРАЈТЕ! СПРОТИВСТАВЕТЕ СЕ! РЕАГИРАЈТЕ! Перформанс и политика во 1990-те во пост-југословенскиот контекст“ каде кураторки од Северна Македонија се Ивана Васева и Биљана Тануровска – Ќулавковски.

1-Sanja Iveković_resize

„РЕАЛИЗИРАЈТЕ! СПРОТИВСТАВЕТЕ СЕ! РЕАГИРАЈТЕ! Перформанс и политика во 1990-те во пост-југословенскиот контекст“ е изложба која се фокусира на политичкиот перформанс во пост-југословенскиот контекст на 1990те години од минатиот век. Таа деценија беше исклучително тешка за регионот, и одбележана со војни, национализам, ревизионизам, корупција, транзиција и брзорастечка капиталистичка економија. Овој период ги одбележа, односно остави длабока трага во годините што следеа.

Политичките перформанси во пост-Југославија во 90те години на минатиот век беа форма на отпор против различните „воени машини“ (поврзани со моќта, институциите, државата, идентитетите, јазикот), кои често се појавуваа под екстремни политички околности и поради радикалните политички, социјални, економски, и културни промени кои влијаеа на секој аспект на општеството во претходно заедничката држава.

5-Škart_resize

Васева и Тануровска – Ќулавковски во рамки на изложбата го разгледуваат политичкото во перформансот преку примери на уметнички перформанси во Македонија во 90-тите години на минатиот век, кои се во полето на визуелната уметност, театарот и танцот, но и вон уметничкото поле, односно во поширокото културно поле. Тие го разгледуваат политичкиот перформанс како уметност која е неизоставно политичка, како и секое уметничко дело, што вели Шантал Муф, земајќи во предвид дека оној политички перформанс кој може да придонесе за доведување во прашање на доминантната хегемонија е критичкиот.

14-Robert Jankuloski_from the cycle Walls for You Wonderful People_Skopje 1999_resize

Тие истражуваа форми на критичка уметност како перформанси или перформанси како проширен поим што ја задржуваат политичноста како форма на критичност и антагонизам кон доминантните социјални и културни политичка состојба на работите.

5-Škart_resize

Имајќи во предвид дека критичкиот политички перформанс во уметничкото поле vo 90те недостасува, решија да вклучат дела и случувања како перформативни гестови кои ги читаат, или ги сметаат за политички чинови во нивната процедура и потенцијал, а кои понекогаш се реализираат како дејство што го придружува уметничкото.

2-Tomislav Gotovac_ Straža na Rajni_resize

Дел од селекцијата вклучува дела од Искра Димитрова; Александар Станкоски, Влатко Галевски и др.; Игор Тошевски; Роберт Јанкулоски; Уметничката група Елементи; Оливер Мусовиќ и Ирена Паскали. Исто така, во приказите на настани и простори прикажани се архиви од изведени дела од Александар Поповски и Дарко Митревски, Зоја Бузалковска и Иван Поповски, Сашо Миленковски, Срѓан Јаниќијевиќ, Владимир Милчин, Горан Тренчовски итн., како и настани и простори кои се клучни за развој на изведбата/перформансот како критичко и политичко проширено поле, и тоа Културен Центар/Театар Мала Станица, Центар за изведувачки уметности Мултимедија, Сорос Центар за современа уметност, Радио Канал 103, како и изложбите Капитал и Пол, Имиџ Бокс итн.

Испрати коментар

Scroll To Top