Насловна / Вести / Граѓаните поканети да учествуваат на дебата за ДУП-ови во Општина Центар

Граѓаните поканети да учествуваат на дебата за ДУП-ови во Општина Центар

Денес 9.8.2018 (четврток), со почеток во 12:00 часот закажана е 16-та седница на Совет на Општина Центар-Скопје. Меѓу останатите точки на Дневниот ред, последните две точки се предлог-одлука за донесување на Изменување и дополнување на два Детални урбанистички плана. Особено интересен оној кај училиштето во Капиштец.

- Предлог-одлука за донесување на Изменување и дополнување на БЛОК 9 во Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје.

- Предлог-одлука за донесување на Изменување и дополнување на БЛОК 24 во Детален урбанистички план Градска четврт Ј 07 – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, Општина Центар-Скопје.

Овие ДУПови не се нови, туку измени на постоечки блокови, решенија кои добиле позитивни мислења од потребните институции до 11.2017. Као што е познато сите ДУП-ови за да стапат на сила мора претходно да добијат позитивно мислење од институциите и да бидат изгласани на Совет. Но многу од ДУП-ови кои ги поминале сите законски инстанци се спорни и создаваат проблеми на жителите. И Советот има право да не ги изгласа ДУП-овите без разлика што имаат позитивно мислење. Советот по закон треба да ги усвои или одбие, секој од нас со лична одговорност и глас по предлогот. Ретка можност да го решаваме хаосот или да не дозволиме решенија во корист на поединци. Кога е урбанизам во прашање се реагира на време, пред да се донесе ДУП, потоа е веќе доцна.

sovet

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top