Насловна / Вести / Градовите ширум светот имаат свои дигитални реплики

Градовите ширум светот имаат свои дигитални реплики

Градовите ширум светот имаат свои дигитални реплики. Но, како настануваат дигиталните реплики на градовите и која е нивната цел? Просторот во градовите станува се позначаен и се очекува мнозинството од светската популација во следните неколку децении да живее во урбани подрачја. Кога станува збор за урбанистичкото планирање, се помалку прилики има за тестирање, а грешките скапо чинат. Одлуките кои се донесуваат денес, ќе имаат значајно влијание врз иднината. Но, што кога пред градежните потфати би постоела прилика за виртуелно тестирање и анализа? Тоа е суштината на дигиталните реплики на градовите ширум светот, какви што имаат на пример Шангај, Њујорк, Сингапур, Хелсинки,…

digitaltwins1

Anders Logg, професор по математика и директор на Центарот за дигитални реплики на градовите при Технолошкиот факултет Chalmers во Шведска, истакнува дека со дигиталните реплики се унапредуваат традиционалните тродимензионални модели на градовите. Репликите користат податоци од реално време и вештачка интелигенција. Со тоа се овозможува симулација на сите сегменти од урбаниот развој – од инфраструктура, преку изградбата до сообраќајот и потрошувачката на енергија.

digitaltwins2

На пример, американскиот град Chattanooga има 180.000 жители и се наоѓа на подножјето на планината Appalachian. Речиси подеднакво е оддалечен од Атланта (Џорџија) на југ и Нешвил (Тенеси) на север. Kevin Comstock, консултант ан компанијата KCI Technologies и поранешен директор на проектот Smart City Chattanooga, констатира дека дигиталната реплика на овој град е добар пример. На изработката на овој модел работеле градските власти и други субјекти, меѓу кои и Националната лабораторија Oak Ridge и Универзитетот Тенеси. Како што образложил Comstock, фокусот на првата реплика на овој град, која е наречена CTwin, е врз една од главните градски сообраќајници со цел да се испита потрошувачката на енергија во сообраќајот.  Доцентот на Универзитетот Twente во Холандија, Ville Lehtola истакнал дека дигиталните реплики на градовите се можност за соодветно планирање на нивниот развој. Lehthola бил и градски советник во финскиот град Espoo кој се наоѓа во близина на Хелсинки. Напоменал дека со дигитализацијата се дава увид во тоа како проектот ќе функционира после реализацијата. Тој укажал дека дигитализираните податоци се користат за различни анализи, како на пример влијанието на една нова зграда врз струењето на ветерот или на земјиштето на кое планира да се изгради. Како пример за вакви анализи го навел Гетеборг. „Гетеборг е направен на глина, така што многу е важно да се моделира однесувањето на оваа подлога. Што ќе се случи ако се започне голем инфраструктурен проект? Ќе постои ли потенцијален ризик во текот на копањето или при изградбата на тунели?“, појаснил Lehthola.

digitaltwins3

Според податоците од технолошката компанија ABI Research од 2021 година, градовите до 2030 година со користење на дигитални реплики за урбанистичко планирање ќе заштедат 280 милијарди долари. Според извештајот на консултантската куќа PwC, дигиталните реплики ќе помогнат во одржливиот развој, што е суштина на паметните градови. За креирање на дигиталните реплики достапни се се поголем број извори на податоци – автономни автомобили, дронови, градежна опрема со сензори и сл. Повеќе технолошки можности – повеќе податоци на располагање.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top