Насловна / Архитектура / Градот и уметноста, идниот уметнички простор во Гуангдонг

Градот и уметноста, идниот уметнички простор во Гуангдонг

Кинеското студио “Ад Архитектура” (AD Architecture) го заврши проектот за нов комерцијален центар  финансиран од Future Vision, посветен на  консултантски услуги за управување. Тој се наоѓа на главната улица на градот Ксинси, град кој припаѓа на префектурата Шанту во провинцијата Кантон (Гуангдонг).

3

Опкружена со водите на реката Ханџијанг, овој објект има за цел да се испреплетува со старите и новите резиденцијални тенденции, одразувајќи ја еволуцијата и обновувањето на градот каде што новите градби се вметнуваат помеѓу традиционалните куќи, бришејќи ја традиционалната архитектонска урбана естетика.

“Ад Архитектура” се обидоа да создадат ред во заедницата која страда од дисхармоничност на изграденото ткиво. Функционалноста на еднокатната зграда не е дефинирана, но се обидува да му даде бесконечни можности на корисникот во однос на просторот преку користење за различни настани.

5 6 8 11 10

Апстрактната геометрија создава интеракција помеѓу внатрешноста и надворешноста, поканувајќи да се истражуваат празните простори на местото. Архитектурата создава впечатлив визуелен идентитет преку линии и кривини.

Future Artspace H се наоѓа на главната улица на селото Шијихе. Со подобрувањето на животниот стандард, жителите на селото, кои живееле од земјоделство и риболов, се иселиле од старите куќи и изградиле нови повеќекатни резиденции. Новите и старите згради се испреплетени во градот, одразувајќи ги трагите на еволуцијата. Изградбата на проектот внесува уметничка атмосфера во контекст на рурална обнова.

01 Ограничување на дизајнот

Во овој проект, се размислува за лимитот надвор од архитектурата, обидувајќи се да зборува за градот и општеството преку дизајнот. Раскинувајќи ја конвенционалната конотација на архитектурата, дизајнерскиот тим му пристапи на проектот од перспективите на градот и општеството, со намера да создаде уметнички простор кој ќе се интегрира и на пазарот и во јавниот живот, за да ја пренесе вредноста и топлината на дизајн.

Долго време, руралната градба во многу градови еволуираше, но во отсуство на планирање. Главниот архитект Ксие Пеихе, кој пораснал во градот Ксинси, каде што всушност е и локацијата на проектот, беше сведок на дисхармонична еволуција на изградената средина на локалните села и истакна дека новите габарити изградени во средината на традиционалните куќи го бришат традиционална архитектонска естетика. Како професионалец, Пеихе чувствуваше одговорност да направи нешто за да ги активира и редефинира безживотните рурални сиромашни квартови. Овој проект има за цел да создаде нов поредок и да помогне да се формира една нова заедница.

13 12 14 16 21 17 15

02 Бескрајни можности

Користејќи поедноставен пристап, “Ад Архитектура”  генерираше мноштво „празни“ простори, со цел да понуди повеќе функционални можности за поддршка на деловните сегменти на локацијата. Поаѓајќи од основната функција, тимот овозможи поефективно користење на просторот.. Во овој проект, “Ад Архитектура”  создаде разновидни уметнички сцени и произведе хибрид од трговија и уметност. Целокупниот дизајн се заснова на рационално размислување.

03 Архитектонски гест

Играјќи со апстрактната геометрија, тимот создаде проект кој ги повикува посетителите да истражуваат. Дизајнот создава интеракција помеѓу внатрешноста и надворешноста, архитектурата и околината, архитектурата и луѓето и создава вистински уметнички простор ориентиран кон луѓето.

04 Визуелен идентитет

Во овој проект, дизајнерскиот тим ја разгледа интеракцијата на зградата со околината. Архитектурата создава хоризонтална иконичност, со кривина која произведува впечатлив визуелен идентитет, додавајќи естетски и уметнички шмек сред медиокритетноста.

05 Однапред поставена слобода

Слободните промени на светлината и сенките го збогатуваат просторот во текот на денот, што резултира со променлива естетика. Светлината ги подобрува структурите и просторот. Во овој проект, “Ад Архитектура”  не ја гледаше светлината како симбол на божественоста, туку како моќ што ја претставува природата и варијацијата. Обликот на природна светлина се изразува преку нејзините сенки.

06 Естетика погодна за луѓето

За овој проект, “Ад Архитектура”  замисли едноставна габаритност со вообичаени челични конструкции и монолитни ѕидни површини и обезбеди совршено извршување на шемата за дизајн. Минималистичката естетика на зградата пренесува чувство на афинитет, едноставна, но инклузивна.

27 29 30 33 31  34

35

Испрати коментар

Scroll To Top